Воислав КушевскиВоислав Кушевски (с. Тработивиште, Делчевско, 28 јули 1921 – Скопје, 3 јануари 1999) — македонски историчар и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје[1]. ЖивотописКушевски е роден во делчевското село Тработивиште на 28 јули 1921 година. Завршил учителска школа во Скопје во 1941 и едногодишен курс за предавачи по историја и по географија во 1946 година. Бил инспектор по историја за средните училишта од 1949 до 1959 и директор во средни училишта и предавач на ВПШ „Климент Охридски“. Од 1959 година, бил асистент на Филозофскиот факултет и предавач по предметот Методика на наставата по историја. Во 1965 докторирал на тема „Македонија пред Друштвото на народите“. Во 1967 година бил избран за доцент, во 1972 за вонреден и во 1977 година за редовен професор. Бил продекан на Филозофскиот факултет. Истражувал во повеќе архивски центри во земјава и во странство. Дела
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia