Тработивиште
Тработивиште — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Пијанец, во јужниот дел на територијата на Општина Делчево, на патот помеѓу Делчево и Пехчево, сместено непосредно од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри.[2] Атарот зафаќа простор од 22,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.144 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 634 хектари, а на пасиштата 291 хектар.[2] Селото се наоѓа во јужниот дел на областа Пијанец, во подножјето на планината Влаина, во близина на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 11 километри јужно од градот Делчево и 17 километри севеерно од Пехчево. ИсторијаСелото првпат се споменува под името Трѣботишско во 1347 - 1350 година во грамота на српскиот цар Стефан Душан (двѣ нивѣ оть Трѣботишскаго мѣста). Во XIX век, Тработивиште било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3] СтопанствоСелото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Тработивиште имало 602 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тработивиште имало 320 жители.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 300 Турци.[6] Селото во 1961 година било големо и броело 813 жители. Во 1994 година, бројот се намалил на 571 жител, од кои 488 биле Македонци, 77 Роми и тројца жители Турци.[2] Турското население, кое претставувало скоро една половина од жителите во селото до средината на XX век, се иселило и заминало во Турција. Денес, во селото е останато само едно турско семејство.[7] Според пописот од 2002 година, во селото Тработивиште живееле 533 жители, од кои 446 Македонци, 79 Роми, 5 Турци, 1 Србин и 2 останати.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 415 жители, од кои 303 Македонци, 4 Турци, 86 Роми, 2 останати и 20 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Тработивиште:[10]
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години. Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Тработивиште, во која единствено село било Тработивиште. Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Тработивиште се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Панчарево, Разловци и Стар Истевник. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0591 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 426 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 409 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости
Личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia