ВолосЗа други значења на поимот, погл. Волос (појаснување).
Волос (грчки: Βόλος) — главен град на округот Магнезија од областа Тесалија, што е вториот град по големина и значење, веднаш по седиштето — Лариса. ИмеСпоред пишувањата на византиски историчар во 14 век градот го носи словенското име Голош во смисла на „голо“ или „пусто“ место. Природни условиВолос се наоѓа во централниот дел на Грција, покрај најважниот национален пат Атина - Солун (од кој е одвоен 10 км). Од градот Атина е 326 км, и 215 км од Солун. Градот е во центарот на округот. Се наоѓа во истоимената мала рамнина на врвот на Пагасетичкиот Залив. Над градот се издигаат планините Пилио и Мавровуни. Климата во Волос е средоземна, со карактеристични жешки лета и благи зими со редок снег. ИсторијаНајстарите археолошки наоди од подрачјето на Волос покажуваат дека оваа област била населена во праисториско време, со што подрачјето на градот е многу важно. Западно од градот се остатоците од најстариот Акропол во Грција, Сескло, подигнат 6000 година п.н.е., со што праисториската неолитска култура на територијата на Грција се нарекува Сескло и Димини. ![]() На 6 век п.н.е. оваа област е вклучена во цивилизациските текови. Во 344 година областа потпадна под власта на Античка Македонија, а во 196 година беше под староримско владеење. Во средниот век, градот беше најдолго под Византија, накратко под Бугарија и Србија, а во 15 век, градот потпаднал под османлиска власт. Под Турците Волос останува следните четири века. Во 1881 градот припаѓа на модерна Грција, месното муслиманско население масовно се иселува, а последните иселувања биле после турско-грчката војна 1897-1898 година. По грчко-турската војна, многу грчки бегалци од Мала Азија се населиле во и околу градот. Во 1955 година градот бил погоден од земјотрес, за потоа да биде изграден на модерен начин. НаселениеОпштина Волос има 82.439 жители, и е меѓу 10-те најголеми градови на Грција. Населението се главно етнички Грци. Меѓународни односиГрадот Волос отсекогаш имал голема улога во финансиските, економските, комерцијалните и административните работи во регионот Тесалија и Централна Грција, поради стратешката позиција на пристаништето, единствено помеѓу Атина и Солун. КонзулатиНеколку европски држави имаат отворено конзулат во Волос како: Збратимени градови
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia