Волчјак (планински врв)
Волчјак (на месен говор В'чјак или В'лчак) — највисок врв и гребен на планината Серта во источниот дел на Македонија, помеѓу Повардарието и областа Лакавичко во Радовишко. Неговата надморска височина изнесува 1159 метри[1]. Сместен е на истоимениот издолжен планински гребен со меридијански правец на протегање север - југ во средишниот дел на планината Серта (Конечка Планина). Поточно, сместен е во средишниот дел на раздробеното планинско било, со неопределен срт, југозападно од радовишкото село Конче и на север од течението на Вардар во Демиркаписката Клисура[2] Од врвот се пружа извонредна глетка на целата планина Серта, долината на Вардар со клисурата и гратчето Демир Капија и планината Кожуф на запад, Гевгелиско-валандовската котлина на југ, планината Пирин на исток и планините Клепа и Мокра на север. На самиот планински гребен има присуство на доста волци и друг дивеч, поради што најверојатно го добил и името. Источната падина на Волчјак кон Радовишко е обрасната со букова шума, но е многу обесшумена и опустошена од дрвосеча. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia