КончеЗа други значења на поимот, погл. Конче (појаснување).
Конче — село во Радовишко, југоисточна Македонија и седиште на истоимената општина. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 967 жители[2], со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3] Географија и местоположбаСелото е сместено во средишниот дел на Општина Конче, на само 3 километри од соседното село Лубница. Селото е распослано во подножјето на планината Серта, уште наречена и Конечка Планина, близу изворот на реката Крива Лакавица. Лежи 20 километри јужно од градот Радовиш.[4] Под селото се наоѓаат и Конечките Езера (Конче 1 и Конче 3), две езера создадени во 1961 година за наводнување на земјиштето, а во близина на селото се наоѓа и големото вештачко езеро Мантово. Езерата се богати и со разновидна риба, како на пример: крап, костреш, плашица и други. Скоро на крајот од селото има река, која е дождовница. Се наоѓа на надморска височина од 580 метри, а атарот на селото зафаќа површина од 45 км2. Територијата на селото опфаќа 1.185 хектари (ha) земјоделско земјиште, 368 ха пасишта и 2.721 ха шума.[4] Конче е поврзано со градот Радовиш преку регионалниот пат Р-606 во должина од 23 км.[4] ИсторијаПодрачјето на Конче е населено уште во железно време, за што сведочи наоѓалиштето Дерновец на 500-тина метри северозападно од селото.[5] За првпат Конче се споменува во 1019 година во записите за византискиот цар Василиј II. Селото било дел од Струмичката епархија на Охридската архиепископија.[6] Од XIV век во селото постои манастирот „Св. Богородица“.[7] Во грамотата на царот Стефан Урош од 1366/1367 година, во селото живееле 25 семејства.[8] На крајот на XIX век селото било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство. СтопанствоМештаните се занимаваат со одгледување тутун, а и други земјоделски гранки. Исто така се одгледува добиток. Население
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 1230 жители, од кои 330 Македонци и 900 Турци.[9] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Конче имало 320 Македонци.[10] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Турци и 350 Македонци.[11] Според пописот од 2002 година, селото имало население од 967 жители, од кои 444 Македонци, 521 Турчин и 2 други. Врз основа на бројот на жителите селото Конче се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3] Според пописот од 2002 година, селото Конче броело 967 жители, од кои:[2] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 915 жители, од кои 293 Македонци, 1 Албанец, 606 Турци, 1 Бошњак, 1 останат и 13 лица без податоци.[12] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Конче:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиКонче е македонско-турско село. Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
Турски
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957, селото било во рамките на тогашната општина Конче. Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Конче, во која покрај селото Конче, се наоѓале и селата Габревци, Горно Липовиќ, Долно Липовиќ, Долни Радеш, Лубница, Негреновци и Ракитец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Конче и Лубница. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1612 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 867 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости![]()
Култура и спортГалерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia