ВосхитВосхит — социјална емоција која се чувствува кон кадарни луѓе, кои поседуваат талент, вештина или особина кои го надминуваат просекот.[1] Восхитот го олеснува социјалното учење во групи.[2] Восхитот е мотив за сопствениот развој преку учење со угледување и копирање на одредени одлики на предметот на восхит.[3] ДефиницијаСара Алгое и Џонатан Хајдт[1] восхитот го категоризираат како пофална емоција кон други луѓе, заедно со стравопочитот, воздигнувањето и благодарноста. Тврдат дека восхит е емоцијата што ја чувствуваме кон извонредностa што не е поврзана со моралот (т.е. кон некого со одлична вештина), додека воздигнувањето е емоцијата што ја чувствуваме кон моралната извонредност (т.е. кон некого со прекумерна доблест). Други автори, и двете емоции ги нарекуваат восхит, притоа правејќи разлика меѓу восхит од вештина и восхит од доблест.[4] Ричард Смит [3] восхитувањето го групира во асимилативните емоции насочени кон други, што ги поттикнува луѓето да се стремат да бидат како (асимилирани) оние на кои им се восхитуваат. Според него восхитот е спротивен на зависта, наведувајќи дека зависта нè тера да се чувствуваме фрустрирано од кадарноста на другите, за разлика од восхитот кој мотивира. Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia