Врбјанска Чука (Славеј)

Врбјанска Чука

Карта

Местоположба 41°20′17″N 21°24′24″E / 41.33806°N 21.40667°E / 41.33806; 21.40667
Основни податоци
Место Славеј
Општина Кривогаштани
Тип

 јама  населба


Период среден век
неолитско време
Портал „Археологија“

Врбјанска Чукаархеолошко наоѓалиште во прилепското село Славеј. Претставува неолитска населба и средновековни јами. Се наоѓа на 2 км источно од селото, во кругот на ЗИК „Прилеп“, погон во селото Славеј. Се работи за тумба делумно оштетена со изградбата на некогашниот живинарник. Во 1979 и 1981 година Заводот и музеј од Прилеп извршил ископување при што е откриена населба од времето на велушко-породинската културна група, со голем број артефакти од керамика, камен, кремен и коска и култен објект – жртвеник, со димензии од 12 × 9 м, со систем од повеќе правоаголни касети со разни димензии, градени од глина и кал.[1] Откриени се и повеќе кружни јами со фрагменти од средновековна керамика и црепни, кои најверојатно служеле како силоси за чување на жито. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[2]

Поврзано

Наводи

  1. Macedonia Acta Archaoelogica број 16 Темелковски Д., Миткоски А. Садова керамика од Врбјанска Чука 29-53
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. 3,0 3,1 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоње, Београд 1998


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya