За други значења видете ја страницата за појаснување .
Славеј (порано: Александрово ) — село во Општина Кривогаштани , во околината на градот Прилеп .
Географија и местоположба
Селото Славеј се наоѓа во Прилепско Поле . Покрај селото поминува регионалниот пат R516 Прилеп - Крушево - Сладуево .
Историја
Селото Славеј е населено од времето на Првата светска војна . Првите жители пристигнале од охридско, а потоа и од Порече , Мариово и Егејска Македонија . Старото име на селото е Александрово .
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 376 — 1953 676 +79.8% 1961 436 −35.5% 1971 437 +0.2% 1981 471 +7.8%
Година Нас. ±% 1991 426 −9.6% 1994 423 −0.7% 2002 388 −8.3% 2021 379 −2.3%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци .[ 2]
Според пописот од 2002 година, во селото Славеј живеат 388 жители, 381 Македонец , 2 Срби и 5 останати.[ 3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 379 жители, од кои 368 Македонци , 7 останати и 4 лица без податоци.[ 4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
—
—
376
676
436
437
471
426
426
388
379
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 5] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 6] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 7] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 8]
Родови
Родови во селото се:
Давиниќи (1 к.) и Миљанац (1 к.) најстари родови во селото, доселени се во 1922 година од Далмација во Хрватска , они се Срби ; во времето на Втората светска војна во куќите на иселените српски колонисти се населиле Македонци од Порече и Дебрца . А во 1947/48 година во селото се населиле и Македонци протерани од Егејска Македонија .[ 9]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1519 според Државната изборна комисија , сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Мирче Ацев .[ 10]
На претседателските избори во 2019 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 309 гласачи.[ 11]
Религија и култура
Цркви[ 12]
Црква „Св. Илија“ — главната селска црква, изградена е во 1978 година, а осветена во 1994 година од митрополитот Преспанско-пелагониски Петар;
Археолошки наоѓалишта
Поврзано
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе... ).“
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина . Српска академија наука и уметности.
↑ „Описи на ИМ“ . Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019 .
↑ „Претседателски избори 2019“ . Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019 .
↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија . Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7 .
↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија . Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
Грбот на Општина Кривогаштани Раселени