ГРК Охрид
ГРК Охрид — ракометен клуб од Охрид, Македонија, кој моментално се натпреварува во македонската супер лига и во сезона 2024/25 стартува од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп, кадешто за противник ја има екипата на Потаиса Турда [1] од Романија.[2] ИсторијаРК Охрид 2011 е основан во 2011 година. Клубот за прв пат влегол во македонската супер лига во сезоната 2013/14 под името РК Охрид 2013, и во својата премиерна сезона завршил на седмото место во регуларниот дел од сезоната и на второто место во плеј-аут разигрувањето. Во сезоната 2016/17, РК Охрид 2013 го освоил првото место на табелата во регуларниот дел од супер лигата, а во плеј-оф разигрувањето го освоиле третото место, зад Вардар и Металург, со што обезбедиле премиерно учество во европските натпреварувања. Во сезоната 2017/18, РК Охрид 2013 премиерно учествувал во ЕХФ Купот.[3] Во првото квалификациско коло ГРК Охрид бил подобар од холандскиот тим Фолендам,[4] а во второто коло бил поразен од португалскиот тим Порто. Од 2018 година клубот се преименувал во ГРК Охрид (Градски ракометен клуб Охрид). [5] [6] По завршувањето на сезоната 2023/24 ГРК Охрид повторно избори настап за следната сезона во еден од Европските купови, со освојување на четвртото место во 2023/24. Моментален состав
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia