РК Алкалоид

РК Алкалоид
Целосен називРакометен клуб Алкалоид
Основан7 јули 2021; пред 4 години (2021-07-07)
ИгралиштеСпортска сала Автокоманда
Приемност2,000
ПрестедателГоран Минов
Главен тренерКирил Лазаров
ЛигаСупер лига
2024–253. место
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница

РК Алкалоидракометен клуб од Скопје, Македонија. Алкалоид има освоено по една титула во купот на Македонија и суперкупот на Македонија, а во европски рамки Алкалоид го има освоено ЕХФ Европскиот куп во сезоната 2024–25. Клубот моментално се натпреварува во Супер лигата.

Историја

РК Алкалоид бил формиран на 7 јули 2021 година од страна на фармацефтското претпријатие Алкалоид, на чело со Живко Мукаетов, која е целосен сопственик на клубот. Со меморандум за соработка, било постигнато партнерството на РК Алкалоид со брендот на Кирил Лазаров, „КЛ7“.[1] РК Алкалоид започнал да се натпреварува во Првата македонска лига, второ по ранг натпреварување во Македонија, во сезоната 2021/22. Првично своите домашни натпревари ги играле во спортската сала „Борис Трајковски“. Прв претседател на клубот бил поранешниот ракометар Горан Минов.[2]

На 18 септември, екипата на РК Алкалоид го одиграла својот прв службен натпревар. Во играчкиот состав на РК Алкалоид за првата сезоната биле:

  • голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски;
  • бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески; кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски;
  • крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски.

Во стручниот штаб за истата сезона бил: Љубомир Савевски како главен тренер и Билјана Црвенкоска, Бранислав Ангеловски и Влатко Котески како помошни тренери.[1] РК Алкалоид, по успешниот настап во дебитантската сезона во Првата лига која ја освоил, обезбедил експресен пласман во Супер лигата во сезоната 2022–23.[3]

На крајот на мај 2022 година, клубот доставил барање за да ја земе под концесија Спортската сала Автокоманда.[4] Во меѓувреме, екипата на Алкалоид своите натпревари ги играла во Спортскиот центар „Јане Сандански“.[5]

Главен тренер на тимот во првата сезона во Супер лигата станал македонската ракометна легенда Кирил Лазаров. Во 2022 година бил формиран и вториот тим на РК Алкалоид, РК Мулти Есенс, екипа составена од помлади талентирани играчи кои формираат база на играчи што имаат младински репрезентативен потенцијал. РК Мулти Есенс имал успешна сезона и како првопласирана екипа обезбедила учество во најсилната конкуренција, во сезоната 2023–24.

На крајот на мај 2022 година, клубот доставил барање за да ја земе под концесија Спортската сала Автокоманда.[4] Во меѓувреме, екипата на Алкалоид играла како домашна екипа во Спортскиот центар Јане Сандански.[5] Веќе на 24 декември истата година, новата сала била пуштена во употреба.[6][7]

Во сезоната 2022–23 РК Алкалоид бил вицепрвак во Супер лигата. Со тој подвиг, Алкалоид обезбедил учество во ЕХФ Европската лига и тоа директно во групната фаза од натпреварувањето.[8]

Наредната сезона 2023–24, РК Алкалоид го освоил за прв пат купот на Македонија, победувајќи ги РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер во полуфиналето и финалето, соодветно. Во лигата, сезоната ја завршиле на третото место и обезбедиле пласман во ЕХФ Европскиот куп.

Како победник на купот, РК Алкалоид се натпреварувал во суперкупот на Македонија 2024, каде уште еднаш во финалето го совладале РК Еурофарм Пелистер, за да ја освојат својата прва титула во суперкупот. Истата сезона, РК Алкалоид го освоиле и својот прв европски трофеј, освојувајќи го ЕХФ Европскиот куп 2024–25 победувајќи го РК АЕК во двомечот во финалето.

Визијата на клубот е да се стреми кон европските ракометни стандарди на професионална работа, промоција на модерен ракомет и на издигнување на играта на највисоко ниво.

Дресови

Производители на дресови

Сезони Производител
2021– Данска Хумел

Дресови

Трофеи и достигнувања

Домашни натпреварувања

Македонска супер лига (I)

Вицешампион: 2022–23

Прва македонска лига (II)

Победник: (1): 2021/22

Куп на Македонија

Победник (1): 2024

Суперкуп на Македонија

Победник (1): 2024

Европски натпреварувања

ЕХФ Европски куп

Победник: (1): 2024–25

Арена

РК Алкалоид своите домашни натпревари ги игра во спортската сала Автокоманда во истоимената скопска населба Автокоманда, која ја дели со РК Металург. Салата има сместивост од околу 2.000 седишта.

Моментален состав

Состав за сезоната 2024/25
Број Име Нац. Дата на раѓање (години) Потпишал во Потпишал од
Голмани
1 Марко Кизиќ Македонија 22 јануари 2001(2001-01-22)(24 г.) 2024 Македонија Еурофарм Пелистер
12 Иван Галевски Македонија 5 јули 2004(2004-07-05)(21 г.) 2021 Македонија Голден Арт
16 Благојче Трајковски Македонија 6 октомври 1986(1986-10-06)(38 г.) 2022 Македонија Еурофарм Пелистер 2
Леви Крила
2 Иван Џонов Македонија 15 јули 1997(1997-07-15)(28 г.) 2023 Македонија Пролет 62
17 Арно Бинго Франција 12 октомври 1987(1987-10-12)(37 г.) 2023 Португалија Бенфика
Десни крила
5 Никола Костески Македонија 22 август 1992(1992-08-22)(32 г.) 2024 Чешка Талент Плзен
19 Александар Петковски Македонија 24 мај 2004(2004-05-24)(21 г.) 2022 Македонија Металург
Пивоти
3 Костадин Петров Македонија 30 март 1992(1992-03-30)(33 г.) 2023 Исланд Тор Акурејри
4 Никола Маркоски Македонија 22 мај 1990(1990-05-22)(35 г.) 2022 Македонија Еурофарм Пелистер
8 Валентин Карасманакис Македонија 14 јануари 2005(2005-01-14)(20 г.) 2023 Македонија Еурофарм Пелистер
9 Марко Стојковиќ Македонија 27 јуни 2003(2003-06-27)(22 г.) 2021 Македонија Голден Арт
14 Кристијан Симоноски Македонија 29 мај 2000(2000-05-29)(25 г.) 2022 Македонија Голден Арт
Леви бекови
6 Михајло Младеновиќ СрбијаМакедонија 21 септември 2000(2000-09-21)(24 г.) 2022 Македонија ГРК Охрид
18 Франциско Оливеира Силва Португалија 29 март 1999(1999-03-29)(26 г.) 2024 Унгарија Егер-Естерхази
20 Дамјан Митев Македонија 8 ноември 2006(2006-11-08)(18 г.) 2022 Македонија Алкалоид академија
Средни бекови
10 Марко Митев Македонија 23 февруари 2003(2003-02-23)(22 г.) 2023 Македонија Бутел Скопје
11 Игор Ѓоргиев Македонија 2 јуни 2000(2000-06-02)(25 г.) 2021 Македонија Голден Арт
15 Мартин Ивановски Македонија 26 март 2001(2001-03-26)(24 г.) 2024 Македонија Еурофарм Пелистер 2
Десни бекови
7 Мартин Серафимов Македонија 3 март 2000(2000-03-03)(25 г.) 2021 Македонија Металург
13 Мартин Велковски Македонија 10 март 1997(1997-03-10)(28 г.) 2023 Македонија Еурофарм Пелистер
21 Давид Савревски Македонија 16 јуни 2002(2002-06-16)(23 г.) 2023 Македонија Вардар 1961

Стручен штаб

Кирил Лазаров како тренер на Алкалоид.
Позиција Тренер Држава
Главен тренер Кирил Лазаров Македонија
Помошнен тренер Билјана Црвенкоска Македонија
Тренер на голмани Јане Цветковски Македонија
Кондиционен тренер Петар Баснарков Македонија
Физиотерапевт Тоше Ристовски Македонија
Тоше Трајковски Македонија

Управа

Позиција Тренер Држава
Претседател Горан Минов Македонија
Спортски директор Љубомир Савевски Македонија
Оперативен директор Милош Милошевски Македонија
Технички секретар Анита Вучидолова Македонија

Извор: РК Алкалоид

Поранешни членови на клубот

Поранешни играчи

Поранешни тренери

Сезони Тренер Држава
2021–2022 Љубомир Савевски Македонија
2022– Кирил Лазаров Македонија

Европски натпревари

ЕХФ Европска лига

Сезона Коло Клуб Дома Гости Место
2023–24 Групна фаза

(Група Б)

Данска Бјерингбро-Силкеборг 23–31 35–31 3-то
Србија РК Војводина 26–31 34–29
Шпанија Логроњо Ла Риоха 28–27 29–29

ЕХФ Европски куп

Сезона Коло Клуб Дома Гости Вкупно
2024–25 1/32 Литванија Драгунас Клаипеда 42–31 37–31 79–62
1/16 Австрија Хендбол Вест Виена 38–27 32–29 70–56
1/8 Италија Бриксен Хендбол 31–38 22–44 71–50
1/4 Романија Минаур Баја Маре 25–32 31–31 56–63
1/2 Норвешка Рунар 42–37 29–34 71–71 3-1 (п)
Финале Грција АЕК 25–29

Наводи

  1. 1,0 1,1 „РК Алкалоид го претстави ростерот и стручниот штаб пред дебито на македонската сцена“. ekipa.mk. 17 септември 2021. Архивирано од изворникот 2021-10-23. Посетено на 13 октомври 2023.
  2. Мартин Танасковски (7 јули 2021). „Нов проект во мак-ракометот: Се „роди" РК Алкалоид!“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-10-13. Посетено на 30 мај 2022.
  3. Горан Упале (29 мај 2022). „Алкалоид со стил се одјави од Прва лига и го крена шампионскиот пехар!“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2022-05-29. Посетено на 30 мај 2022.
  4. 4,0 4,1 „РК Алкалоид ја бара под концесија салата во Автокоманда“. 24rakomet.mk. 1 јуни 2022. Архивирано од изворникот 2023-10-13. Посетено на 13 октомври 2023.
  5. 5,0 5,1 Мартин Танасковски (22 декември 2022). „Алкалоид влезе во новата ракометна „база" и ги промовира дресовите!“. gol.mk. Посетено на 13 октомври 2023.
  6. Мартин Танасковски (24 декември 2022). „РК Алкалоид ја пушта во функција новата клупска база, со стратегија за иднината!“. gol.mk. Посетено на 13 октомври 2023.
  7. „Нашиот клуб“. РК Алкалоид. Архивирано од изворникот 2022-12-25. Посетено на 13 октомври 2023.
  8. „Алкалоид е вицепрвак на Македонија“. fokus.mk. 27 мај 2023. Архивирано од изворникот 2023-05-27. Посетено на 13 октомври 2023.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya