РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер
HC Pelister Bitola logo
Целосен називРакометен клуб
Еурофарм Пелистер
Основан2011; пред 14 години (2011)
ИгралиштеСпортска сала Боро Чурлевски
Приемност3.500
Главен тренерШпанија Раул Алонсо
ЛигаСупер Лига
2024-251.
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински

РК Еурофарм Пелистер (познат и како РК Пелистер) — ракометен клуб од Битола, Македонија.

Првичниот клуб РК Пелистер е основан во 1955 година, додека денешното правно лице РК Еурофарм Пелистер е основан во 2011 година. Моментално се натпреварува во ракометната супер лига.

Историја

РК Еурофарм Пелистер е првиот основан ракометен клуб во Македонија, формиран во 1946 година под името Пелагонија. Потоа, во 1955 година, го промени името во Пелистер. 1960-тите години биле многу успешни, освојувајќи 4 шампионски титули почнувајќи од 1960 година до последната во 1969 година. Клубот освои уште три титули во 1970-тите. Во 1980-тите, сезоната 1981 година била последната успешна, кога го освоил осмиот шампионски трофеј. Од сезоната 1983-84, Пелистер започнал редовно да учествува во Југословенското ракометно првенство. Во 1985 година завршил на третото место и бил вицешампион во последователните две сезони (1986–87 и 1987–88) зад доминантниот клуб Металопластика Шабац. Во тој период станал популарен слоганот „Кој не играл во Битола, не знае што е вистинска поддршка“, кој го изрекувале личности како што се Владо Шола, Лино Червар и Златан Сарачевиќ.

Пелистер станал првиот македонски клуб што играл во Европа. Во 1986 година го победил AS Филипос Верии во првиот круг, но потоа изгубил во осминафиналето од Атлетико Мадрид, губејќи 24:19 дома и 10:19 на гости (34:38) по агрегат. Во сезоната 1988/1989 се пласирал во четвртфиналето на ЕХФ Купот, отстранувајќи ги SPE Строволос Никозија, HC Баник, а на крајот изгубил од германскиот клуб ASK Ворвертс. Првиот меч во Битола го добил со шест гола разлика, но во реваншот во Берлин изгубил со седум гола разлика 22:16 и 13:22 (35:38). Кога била формирана Македонската ракометна супер лига во 1992 година, Пелистер станал најуспешен клуб во земјата, освојувајќи пет титули и пет Купови во таа деценија. Во 1996 година стигнал до полуфиналето на ЕХФ Купот на победниците на Купови, каде изгубил со еден гол разлика по агрегат од идниот шампион TBV Лемго. Рекордни 7.000 гледачи присуствувале на реваншот во Битола. Дополнително, уште еден доказ за доминацијата на Пелистер во тој период е тоа што седум играчи од македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет за мажи во Египет во 1999 година играле за клубот.

Најуспешен европски настап на клубот бил во сезоната 2001/02 кога учествувал во ЕХФ Челинџ Купот. Прво ја поминал третата рунда, победувајќи го Зилант Казан и преминал во четвртата рунда, каде го победил Парис Сент Жермен. Во четвртфиналето го совладал ГАС Килкис со резултат 52-51, поставувајќи дуел со Фредериксберг ИФ во полуфиналето. Пелистер успешно го поминал полуфиналето на драматичен начин во Битола, кога Наумче Мојсоски постигнал гол во последните секунди од мечот за да ја изедначи разликата на агрегат, преминувајќи понатаму преку пенал-серија со конечен резултат 61-60. Во финалето, Пелистер загубил од Скерн Хандболд, но и во тој дуел успеал да го победи домашниот натпревар со 7 гола разлика.

Во 2005 година, Трифун Костовски со Кометал станал спонзор на клубот, враќајќи ги славните денови и освојувајќи уште еден двоен трофеј, и шести шампионски трофеј во домашниот шампионат, што било рекорд во тоа време. Меѓутоа, успехот бил краткотраен бидејќи Кометал го напуштил клубот по таа сезона. Потоа, Пелистер бил погоден од финансиски проблеми и се борел да го постигне истиот успех.

На 29 ноември 2019 година бил потпишан договор за заедничко сопствеништво помеѓу сопствениците на РК Еурофарм Работник (создаден во 2011 година чиј сопственик бил Еурофарм) и РК Пелистер (чиј сопственик била општина Битола). Според договорот, РК Еурофарм Работник ќе го промени името во Еурофарм Пелистер, а оригиналниот РК Пелистер ќе го промени името во Еурофарм Пелистер 2. Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе биде развоен клуб исполнет со млади ракометни играчи од Битола и цела Македонија. Комбинацијата на силен спонзор и спортски бренд познат низ поранешна Југославија целосно се оствари преку договорот со градската администрација во 2020 година. Еурофарм Пелистер веќе ја надмина домашната рамка, играше во ЕХФ Лигата на шампионите и постави контури на тим кој може да ги врати трофеите во арената „Боро Чурлевски“. Ова било официјално остварено во мај 2023 година, кога клубот бил крунисан за шампион на Македонската Суперлига по прв пат по 18 години.

Последната титула во македонскиот шампионат, Еурофарм Пелистер ја освоил на 8 јуни 2025 година откако во последното коло за сезоната 2024-25 го совлада директниот конкурент РК Вардар 1961 со 30-32 во салата Јане Сандански во Скопје.

Состав

Состав за сезоната 2024-25.

Голмани
Леви крила
Десни крила
Пивоти
Самоил Ристевски
Леви бекови
Средни бекови
Десни бекови

Стручен штаб

Успеси

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya