Вебер (симб: Wb , Вб ) — единица за магнетен тек од системот SI . Густина на текот од еден Wb/m2 (еден вебер на квадратен метар) изнесува една тесла .
Единицата го носи името на германскиот физичар Вилхелм Едуард Вебер (1804–1891).
Дефиниција
Содржатели на единицата „вебер“ (Wb) во SI
Помали
Поголеми
Вредност
Симбол
Назив
Вредност
Симбол
Назив
10−1 Wb
dWb
децивебер
101 Wb
daWb
декавебер
10−2 Wb
cWb
центивебер
102 Wb
hWb
хектовебер
10−3 Wb
mWb
миливебер
103 Wb
kWb
киловебер
10−6 Wb
µWb
микровебер
106 Wb
MWb
мегавебер
10−9 Wb
nWb
нановебер
109 Wb
GWb
гигавебер
10−12 Wb
pWb
пиковебер
1012 Wb
TWb
теравебер
10−15 Wb
fWb
фемтовебер
1015 Wb
PWb
петавебер
10−18 Wb
aWb
атовебер
1018 Wb
EWb
ексавебер
10−21 Wb
zWb
зептовебер
1021 Wb
ZWb
зетавебер
10−24 Wb
yWb
јоктовебер
1024 Wb
YWb
јотавебер
Најзастапените содржатели се задебелени.
Веберот може да се дефинира во однос на Фарадеевиот закон , кој го утврдува односот помеѓу промената на магнетниот тек (флукс) низ затворен круг и електричното поле околу кругот. Промената на текот од еден вебер индуцира напон (електромоторна сила ) од еден волт во секунда .[ 1]
Официјално,
Вебер (единица за магнетен тек) — Вебер е магнетниот тек кој, во затворен единечен круг, ќе произведе електромоторна сила од 1 волт ако се намали на нула по рамномерна стапка за 1 секунда.[ 2]
Вилхелм Едуард Вебер по кого единицата го добила името
Изразено во основни SI-единици , димензиите на веберот се (kg·m2 )/(s2 ·A). Може да се изрази и со други изведени единици како тесли на квадратен метар (T·m2 ), волтсекунди (V·s) и џули на ампер (J/A).
1 Wb = 1 V·s = 1 T·m2 = 1 J/A = 108 Mx (максвели ).
Наводи