Гвадалкивир
Гвадалкивир (шпански: Guadalquivir) — петта река по должина на Пиринејскиот Полуостров и втора по должина во рамките на Шпанија. Долга е 657 км, а сливното подрачје зафаќа 58.000 км². Извира во Кањада де лас Фуентес (кај селото Кесада) во планинскиот венец Казорла (Хаен), па тече низ Кордоба и Севиља, а завршува кај рибарското село Бонанза во Санлукар де Барамеда, каде се влева во Кадискиот Залив (Атлантски Океан). Во овој најдолен дел од течението пределите се низински, со значајни мочуришта и се граничи со националниот парк „Доњана“. Ова е единствената голема пловна река во Шпанија. Денес со брод се стигнува до Севиља, а во римско време се одело сè до Кордоба. Според историските записи, на устието на Гвадалкивир се наоѓал древниот град Тартес, иако самото место на наоѓање досега не е утврдено. Потекло на поимотИмето на реката доаѓа од арапскиот поим „ел-вади ел-кабир“ (الوادي الكبير), што значи „Голема Долина“. Феникијците реката ја нарекувале „Бајц“, што подоцна преминало во „Бетис“, што останало сè до маварско време. По неа е наречена и римската провинција Хиспанија Бетика. Уште постаро келтиберско име на реката е „Оба“ (Златна). ПритокиГвадалкивир има поголем број на притоки: Леви притоки се: Мала Гвадијана, Гвадалбулјон, Гвадахос, Хенил, Корбонес и Гвадајхара. Десни притоки се: Гвадалимар, Хандула, Јегвас, Гвадалмелјато, Гвадијато, Бембезар, Вијар, Уелва, Гвадијамар Занимливости„Гвадалкивир“ се нарекувал францускиот брод што го разурнале Гемиџиите во солунското пристаниште на 28 април 1903 г.[1] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia