Гелор Канга
Гелор Канга (р. 1 септември 1990, во Ојем) — габонски фудбалер, играч од средниот ред на Црвена ѕвезда и на габонската репрезентација. КариераКанга е роден во Ојем, Габон. Во својата татковина тој играл за екипите на Мангаспорт (2007-2010), Мисил (2010-2012) и Мунана од Либрвил со која во сезоната 2012-2013 го освоил Купот на Габон. На 9 февруари 2013 година, потпишал три и пол годишен договор со рускиот Ростов, со што ја започнал својата кариера на европскиот континент.[1] Своето деби во Премиер лигата на Русија го направил на 9 март 2013, против екипата на Аланија.[2] Во сезоната 2013-2014, под водството на тренерот Миодраг Божовиќ, Канга со Ростов го освоил Купот на Русија; во финалето против Краснодар кое Ростов го добил по изведување пенали, Канга го започнал натпреварот како стартер но поради повреда излегол уште во 18-тата минута и бил заменет од некогашниот фудбалер на Ливерпул, Флоран Синама Понгол. Канга бил играч на Ростов до летото 2016 година, а вкупно за клубот одиграл 82 натпревари и постигнал 8 голови. На 1 јули 2016 година, Канга потпишал двегодишен договор со Црвена ѕвезда, во која стигнал на барање на тренерот Божовиќ кој го тренирал и претходно во Ростов.[3] На 2 февруари 2018 година, Спарта Прага го купила Канга за необјавена сума.[4][5] На 31 јули 2020 година, Канга се вратил во Црвена ѕвезда, потпишувајќи тригодишен договор со клубот.[6] Во сезоната 2020-2021, со црвено-белите ги освоил првенството и купот на Србија. Репрезентативна кариераЗа репрезентацијата на Габон дебитирал во 2012 година, во пријателски натпревар против Јужна Африка. Од тогаш тој бил редовен репрезентативец на својата земја и настапил за Габон на три изданија на Африканскиот куп на нации во 2015, на домашен терен во 2017 и во 2021 година. Титули![]()
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia