Првобитно било одлучено натпреварувањето во 2017 да се одржи во Либија,[1] меѓутоа, поради воената состојба во таа земја,во август 2014 КАФ одредил дека Африканскиот куп на нации 2017 ќе се одржи во Габон, по вторпат во историјата на натпреварувањето.[2][3] Победникот на Африканскиот куп на нации 2017 добива право на настап на Купот на конфедерации 2017 во Русија.
Камерун ја освоиле нивната петта титула на Африканскиот куп на нации, победувајќи го Египет во финалето со 2–1. Буркина Фасо го освоиле третото место победувајќи ја Гана со 1-0.
КАФ добил три понуди до 30 септември 2010 година за домаќинство на Африканскиот куп на нации 2015 и Африкански куп на нации 2017 од Демократска Република Конго, Мароко и Јужноафриканската Република.[12]
После примените понуди за организирање на Африканскиот куп на нации 2015 и 2017 КАФ започнал постапка за испекциски надзор со цел да ја посети секоја земја кандидат во поглед на стадионите, инфеаструктурата и заинтересираноста за организација на Африканскиот куп на нации 2015 и 2017. После инспекцијата во ДР Конго од 12-15 ноември 2010 година, ДР Конго го известиле КАФ дека ја повлекуваат својата кандидатура за Африканскиот куп на нации во 2015 и 2017.[13][14]
На 29 јануари 2011 КАФ донел одлука домаќин на Африканскиот куп на нации во 2015 да биде Мароко, а во 2017 Јужноафриканската Република. Меѓутоа, поради војната во Либија во 2013, Јужноафрканската Република и Либија го замениле домаќинството на Африканскиот куп на нации, така што Јужноафриканската Република била домаќин на натпреварувањето во 2013 а Либија требало да биде на ова во 2017.[1]
Втор избор
По откажувањето на Либија од домаќинството на Африканскиот куп на нации на 22 август 2014, Африканската фудбалска конфедерација објавила дека прима нови пријави за организатор на Африканскиот куп на нации 2017 до 30 септември 2014.[17] Подоцна тој рок е преместен до 8 април 2015.[18]
Седум земји доставиле понуда за домаќинство на турнирот: Алжир, Египет, Габон, Гана, Кенија, Судан и Зимбабве.[19][20] Меѓутоа од нив, само четири држави: Алжир, Египет, Габон, и Гана, ги исполнувале критериумите на Африканската фудбалска конфедерација.[21][22] Подоцна Египет ја повлекол својата кандидатура.[23]
Некој држави како Кенија покажале интерес за домаќинството на турнирот со соседите Руанда и Уганда, меѓутоа не доставиле официјална кандидатура за домаќинството.[24]
Претседателот на КАФ Иса Хајату на 8 април 2015 објавил дека домаќин на Африканскиот куп на нации 2017 ќе биде Габон.[3] Габон веќе еднаш бил организатор на првенството во 2012 заедно со Екваторска Гвинеја.
Квалификации
Репрезентации кој се кваилификувале на АКН 2015.
Репрезентации кои не се квалификувале на АКН 2015.
Дисквалификувани, се повлекле или воопшто не учествувале во квалификациите
Не е член на КАФ
Вкупно 51 репрезентација учествувала во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2017. Домаќинот Габон не настапил во квалификациите. Ждрепката со квалификациските групи била иузвлечена на 8 април 2015 во Каиро, Египет.[18] Во квалификациите не учествувале репрезентациите на Еритреја и Сомалија.
Поради откажувањето на Мароко од домаќинството на Африканскиот куп на нации 2015, првобитно КАФ и забранил на оваа репрезентација да учествува на Африкански куп на нации 2017 и 2019.[28] Меѓутоа, "Судот за спортска арбитража" (Court of Arbitration for Sport) ја укинал забраната, со што на Мароко му било дозволено да учествува во квалификациите.[29]
Интересно е тоа што трикратниот шампион на Африканскиот куп на нациите, Нигерија не се квалификувала.[30]
Домаќинот на пвенството автоматски остварил пласман во групите, останатите 15 репрезентации морале да минат низ квалификации. На завршниот турнир репрезентациите се поделени во четири групи по четири тима. Тимовите во групата играат по еден натпревар меѓусебно. Двете првопласирани репрезентации од секоја група остваруваат пласман во четвртфиналето. Победниците во четвртфиналето играат полуфинале. Поразените полуфиналисти играат натпревар за трето место, додека победниците играат за титулата.[32]
Извлекување на групите
Извлекувањето на групите било одржано на 19 октомври 2016 година, во 18:30 UTC+1 часот, во Либрвил, Габон.[33][34]
Организациониот одбор на Афрчкиот куп мас состанокот одржан на 26 септември 2016 во Каиро ги одредил носителите земајќи го предвид учинокот на репрезентациите на Африканскиот куп на нации 2017 според резултатите од претходните натпреварувања:[35][36][37]
↑За време на кандидатурата Јужноафриканската Република во 1996 година последен и до тогаш единствен пат била домаќин на Африканскиот куп на нации. Јужноафриканската Република подоцна добила понуда за организирање на купот во 2013 после откажувањето на Либија заради војната во таа земја.