Георги БожиковГеорги Божиков - Жоро (1931, Петрич, Бугарија - 1986, Скопје, Македонија) - македонски оперски пејач (бас). ЖивотописБожиков се родил во Петрич, Бугарија, во 1931 година. Музичката академија ја завршил во Софија, а 1963 година се преселил во Скопје. Умрел во Скопје, во 1986 година. Имал син, Димитар Божиков.[1] ТворештвоПо завршувањето на музичката академија, Божиков станал член на Софиската опера. Од 1966 до 1968 година настапувал во Загрепската опера. Во 1969 година ја добил наградата „11 Октомври“. Како солист-првенец на МОБ, Божиков одиграл околу 40 улоги, а од 1977 до 1983 година бил директор на Операта. Додека ја вршел оваа функција било отворено оперско студио од кое подоцна произлегле многу солисти, а бил дооформен и хорот на Операта. Исто така, Божиков настапувал и како концертен и ораториумски пејач. Во својата кариера, тој пеел на сите сцени во СФРЈ, а настапувал и на повеќе сцени во светот. За потребите на Македонското радио снимил околу 80 дела, претежно од македонски автори.[1] НаследствоНа Божиков е посветена песната со наслов „Ѓорѓи Божиков“ од стихозбирката „Црква“ на македонскиот поет Блаже Конески:[2]
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia