Гералд Чолек
Гералд Михаел Чолек (германски: Gerald Michael Ciolek; р. 19 септември 1986 во Келн) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Стелтинг Сервис Груп. КариераВо 2005 година, Чолек ја освоил друмската трка на државното првенство на возраст од 18 години, со што станал најмладиот возач, кој успеал во тоа.[1] Чолек започнал да вози на поголеми трки во мај 2005,[2] во екипата Тим АКУД Арнолдс Сихерхајт, каде имал многу успешна сезона. На Германското државно првенство во Оберен Вернтал, Чолек бил способен да се избори со сезонските спринтери Ерик Цабел и Роберт Ферстер без притоа да има поддршка од некој колега, стигнувајќи до победа на првенството, со што ја завршил 12-годишната доминација на Т-Мобајл.[3] Покрај освојувањето на државното првенство, тој остварил три етапни победи и бодовен пласман на Тур де Хонгри,[4] и етапна победа на Мајнфранкен Тур.[5] Во 2006, Чолек го завршил неговото образование во Форт и бил способен да стане професионалец и да ја посвети неговата кариера на велосипедизмот.[6] Во текот на сезоната возел силно и обезбедил бројни високи пласмани на важни трки, со што докажел дека може да се бори со најсилните спринтери од екипите во UCI ProTour. Чолек имал извонредно второ место на Трката околу Франкфурт, каде повторно го победил Ерик Забел.[7] Кога екипата на Чолек, АКУД Арнолдс Зихерхајт се споила со Тим Визенхоф на почетокот на сезоната[8], таа станала најсилна екипа надвор од UCI ProTour, со што биле во можност да добијат определени покани за некои од трките во ProTour. на Ватенфал Класик, Чолек завршил петти.[9] Неколку недели подоцна, Чолек ја освоил својата прва UCI ProTour трка, Трката околу Германија, каде ја освоил третата етапа.[10] На 23 септември ја освоил друмската трка на Светското друмско првенство под 23 години во Салцбург.[11] За сезоната 2007, Чолек го напуштил Визенхоф за екипа од UCI ProTour, Т-Мобајл Тим. По релативно тивкиот почеток на сезоната, тој ја освоил Трката околу Рајнска област-Пфалц во мај. Потоа следеле победи на три етапи на Трката околу Германија и третото место на Ватенфал Класик. Во сезоната 2008, Чолек се натпреварувал за Тим Колумбија. Во текот на 2008, тој бил етапен победник во Шпаркасенкуп Швенинген и освоил две етапи на Трката околу Баварија. На Тур де Франс 2008, Чолек бил водечка фигура во сите четири етапни победи на Марк Кевендиш. На последната етапа на Шанзелизе, Чолек успеал да заврши втор зад Герт Стегманс. Тој учествувал на друмската трка на Олимписките игри, но морал да се откаже поради екстремните временски услови. Меѓутоа, во септември, тој бил во можност да се врати назад и ја освоил петтата етапа на Трката околу Германија 2008 во спринтерска завршница. Чолек го напуштил Омега Парма-Квик Степ на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на екипата МТН Кубека за сезоната 2013.[12] Гералд Чолек победил на трката Милано-Санремо 2013 со време од 5:37:20, задржувајќи се пред фаворитот Петер Саган во спринтерската завршница.[13] Достигнувања
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia