Германско-данска границаГерманско-данска граница — државна граница помеѓу Германија и Данска. Долга е 68 км. ![]() Историја![]() Во 811 г. е склучен Хајлингенскиот договор со кој реката Ајдер е одредена како граница помеѓу Данска и Франкија.[1] Бидејќи била блатна, реката образувала природна граница. Во највисокиот дел кај вододелницата пределот бил посув. Овде поминувал древниот пат Хервајен, каде е подигнато и пограничното утврдување Даневирке. Подоцна настанале војводствата Шлезвиг и Холштајн. Пред 1864 г. Шлезвиг било лено на Данска, а Холштајн било во Светото Римско Царство (до 1806 г.) и членка на Германскиот Сојуз (по 1815 г). Со обете територии владеел данскиот крал во дополнителни улоги на војвода на Шлезвиг и војвода на Холштајн (напати зедно со други војводи како оние на Готорп). Границата помеѓу данското лено Шлезвиг и германското лено Холштајн сè уште одела по реката Ајдер, границата меѓу војводсвата и Кралството Данска била реката Конгеоен, а пак јужната граница на данската монархија се движела по реката Елба. Во 1864 г. Шлезвиг-Холштајн бил освоен од Прусија, и со ова е поставена државна граница помеѓу Данска и Прусија/Германија. Се протегала од место на брегот 5 км јужно од Рибе, 5 км околу таа река, и потоа на исток јужно од Вамдруп и веднаш северно од Кристијансфел до Балтичкото Море. Во 1920 г. границата е поместена за околу 50 км на југ до нејзината денешна положба, согласно изгласаното на референдумот од таа година. Оваа државна граница е предвидена да ја следи јазичната граница, која сепак не е особено реско определена. Населени места по границата (од север кон југ)
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia