Гестланд
Гестланд (германски: Geestland; долногермански: Geestland) — новосоздаден град во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот бил основан на 1 јануари 2015 година со спојување на градот Ланген и општините од поранешната општинска заедница Бедеркеза. Гестланд, по градот Куксхафен, е втор најнаселен во самиот округ. На списокот на најголеми општини по површина во Германија, Гестланд се наоѓа на 10. место. Името му доаѓа од земјишниот облик „гест“. ГеографијаМестоположбаГрадот Гестланд се граничи на северозапад со општината Вурстер Нордзекисте и со Везер при вливот во Северното Море, на север со општинската заедница Ланд Хаделн, на североисток со општинската заедница Берде Ламштет, на исток со округот Ротенбург и на југ со градот Бремерхафен, како и со општините Беверштет и Шифдорф. На југ, градот се граничи со реката Гесте. Градски единициГрадот Гестланд се состои од 16 места, кои се составени од местата на поранешниот град Ланген и општините на поранешната општинска заедница Бедеркеза.
ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На првите општински избори на 2 ноември 2014 година биле добиени следниве резултати: Распределбата на местата:
ГрадоначалникНа 2 ноември 2014 година, Торстен Кригер станал градоначалник. Збратимени градовиГестланд е збратимен со следниве градови: Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia