Отерндорф
Отерндорф (германски: Otterndorf; долногермански: Oterndörp) — мал град во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на устието на реката Медем, дел од делтата на Елба. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Ланд Хаделн. Стариот дел на градот вклучува бројни фахверк-куќи. ГеографијаМестоположбаОтерндорф се наоѓа на северниот брег од Долна Елба, во рамките на округот Куксхафен, во Долна Саксонија, припаѓајќи на историската област Хаделнски крја. Градски единици
ИсторијаОтерндорф припаѓал на Ланд Хаделн, најпрвин како ексклава на Саксо-Витенберг, а подоцна по поделбата на династијата во 1296 година како дел на Саксо-Лауенбург. Прв пишан доказ за постоењето на градот Отерндорф потекнува од 1261 година во документ напишан од Годефридус, кој бил свештеник. Во 1400 година, Отерндорф ги добил градските права од војводата Ерих IV, војвода на Саксо-Лауенбург. ПрипојувањаНа 1 август 1929 година самостојните општини Остеренде Отерндорф и Вестеренде Отерндорф биле припоени кон градот. Движење на населението
1 Податоците од 1929 г. за припоените места: Остеренде Отерндорф (1.280 жит.) и Вестеренде Отерндорф (997 жит.) ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 20 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 7.001 и 8.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
ГрадоначалникГрадскиот совет го избрал членот на советот Томас Булвинкел (CDU) за градоначалник за претстојниот период. Збратимени градовиОтерндорф е збратимен со следниве градови: СтопанствоДенес, Отерндорф е омилено туристичко одредиште. Постојат неколку бањски езера близу плажата, камп-места, бројни апартмани и хостели. Градот е средиште на туризмот во т.н. Куксланд. Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia