Гимназија „Панче Попоски“ - Гостивар
СОУ „Гостивар“ — гимназиско средно училиште во Гостивар, Општина Гостивар. До 2006 година, училиштето го носело називот „Панче Попоски“. ИсторијаОсновањеИмето на училиштето било во чест на Панче Попоски (1924-1944) кој бил македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој. Гимназијата „Панче Попоски“ е основана со одлука на Собранието на Општина Гостивар во 1960 година и започнало со работа од учебната 1960/61 со две паралелки, на македонски и албански јазик, со по 35 ученици. Првата генерација на матуранти била од учебната 1963/64 година.[2] 2000-тиДо учебната 2004/2005, во гимназијата „Панче Попоски“ биле реализирани исклучиво Наставниот план и програмите за средно гимназиско образование. Врз основа на донесената одлука од страна на Министерството за образование и наукa (04 ноември 2004 година), во рамките на гимназијата „Панче Попоски“, од учебната 2004/2005 биле реализираат и Наставните планови и програмите за одредени образовни профили од средното стручно медицинско училиште.[2] Со одлука на Управниот одбор на училиштето од 8 март 2006 година, гимназијата „Панче Попоски“ била преименувана во СОУ „Гостивар“.[2] Во тој период, во рамките на гимназиското образование биле реализирани наставните планови и програми за реформирано гимназиско образование, односно за природно-математичко и општествено-хуманистичко подрачје. Во рамките на стручното медицинско образование се реализираат наставниот план и програмите за здравствена струка – медицинска сестра-техничар.[2] Во учебната 2006/07, бројот на ученици бил 2,862. Тие биле распоредени во вкупно 82 паралелки, од кои 59 гимназиски паралелки и 23 медицински паралелки (7 од гимназиските паралелки биле во Неготино, додека 7 во Ростуше).[2]
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врскиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia