Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина, на десниот брег на реката Маздрача. Оддалечено е 12 километри североисточно од Гостивар и 6 километри северно од Врапчиште.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен и имало 90 семејства, 5 неженети и 7 вдовици, сите христијани.[2]
Во XIX век, селото било дел од Тетовската каза, нахија Гостивар, во Отоманското Царство.
Гарани (4 к.) основачот на родот се викал Асан Гарани. Тој се доселил од селото Гарани кај Кичево. Подалечно потекло од северна Албанија.
Кокоре (6 к.) доселени се од околината на Пешкопеја во северна Албанија.
Шулајна (3 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
Манчолар (17 к.) се викаат и Гоџолар. Доселени се од Хаса во северна Албанија (Суви Хас над Призрен). Припаѓаат на фисот Бериша. Овде живеат од втората половина на XVIII век.
Султајна (11 к.) доселени се од Чаје во северна Албанија. Во Неготино се доселени кон крајот на XVIII век. Го знаат следното родословие: Сулеман (жив на 73 г. во 1951 година) Мемет-Асан-Мемет Хоџа, кој се доселил во селото.
Раманлар или Демолар (7 к.) доселени се од северна Албанија.
Цака (2 к.) по потекло се од селото Ујмиште во Љума. Од таму се населиле во селото Ѓургевиште на Шар Планина. Па од таму некои се спуштиле во Добри Дол, а некои се доселиле во Неготино. Дел се останати и во Ѓургевиште.
Асе (23 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија (недалеку од Ѓаковица). Во Неготино живеат од втората половина на XVIII век. Некои Албанци од овој род за време на Втората светска војна се однесувале многу лошо кон Македонците во полошкиот регион.
Паљолар (8 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Од старото место се иселиле во селото Ломница на Шар Планина. Па потоа некој предок дошол во селото Неготино.
Демолар (8 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија.
Лепролар (51 к.) они се од фисот Бериша во Матија, северна Албанија. Во Неготино се доселиле тројца браќа кои во старото место паднале на крв. Потоа едниот од браќата се иселил во селото Топлица, додека другите двајца браќа останале во селото, од кои потекнува овој голем род.
Шериф (1 к.) и Азис (1 к.) они се Роми. Првиот род е од селото Врапчиште, а вториот од Тетово.[14]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 440, 441, 442 и 443 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
Пред да се населат Албанците во селото, овде живеело православно македонско население. За тоа е доказ целосната македонска топонимија во полошкиот региот, како и зачуваните родови кои си знаат за старото место на своите предци. Сега се знае за следните македонски родови со потекло од ова село, во селата. Сенокос (Меноски), Волковија (Каракушевци и Цветковци). Стари македонски иселеници од ова село има и во Тетово. Последниот македонски род во селото се викал Илијески.[14]
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“, София, 1929, стр. 24.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“