Глаголи во старословенскиот јазикГлаголот е една од најспецифичните црти на старословенскиот јазик. Слично како при промената на именските зборови, и глаголите изобилуваат со форми. Некои од категориите и формите што ги пројавува глаголот се исклучиво словенски, други пак индоевропски. Според информацијата којашто ја носи, глаголот ги има следниве категории:
Покрај наведените категории, постојат и следниве именски форми на глаголот:
Поделба на глаголитеСтарословенските глаголи имаат две основи: презентска основа (или основа на сегашното време) и инфинитивно-аористна основа (основа на инфинитивот). Според формите на овие две основи е извршена и поделба на глаголите во пет конјугации (групи):
Мала група на глаголи чија инфинитивна основа завршува на -ѹ- спаѓаат во оваа конјугација. При нивната презентска основа оваа самогласка преминува во -ов- или -ев- (ако ѝ претходи мека согласка!). Така имаме: слѹти-словеши (=ословува), плѹти-пловеши (=плива), трѹти-тровеши (=труе), рюти-ревеши (=рие). Напомена: кај глаголите чија инфинитивна основа завршува на к, г или х се врши палатализација (речеши, можеши). Глаголите кои имаат ер во инфинитивната основа (слаба коренова самогласка), во презентската се огласува (преминува во посилен степен). Така имаме зъвати-зовеши, бьрати-береши (=бере), жьдати-жидеши (=чека).
Во оваа конјугација спаѓаат и глаголите чија инфинитивна основа завршува на -а- пред кое стои мека согласка. Историски, завршетокот -а- се развил од ѣ кој по извршената палатализација се повлекол кон а: леж-а-ти, леж-и-ши (<*leg-ĕ-ti), бѣж-а-ти, бѣж-и-ши (<*'bĕg-ĕ-ti).
Прости глаголски формиСегашно време (презент)Сегашното време, логично, се гради од презентската основа со додавање на следниве наставки:
Глаголите од првата, втората и третата, како и глаголите бъıти и имѣти од петтата конјуација ја добиваат наставката -ѫтъ за 3. лице множина; глаголите од четвртата конјугација, како и останатите три глагола од петтата конјугација, ја добиваат наставката -ѧтъ. Исто така, глаголите од петтата конјугација имаат наставка -мь и -си за 1. и 2. лице еднина соодветно, како и -ста и -сте (наместо -та и -те) за 2. и 3. лице двоина соодветно, правило од кое отстапува само глаголот имѣти. Парадигмата на глаголите мошти (I к.), ѹсѣкнѫти (II к.), знати (III к.), водити (IV к.) и имѣти (V к.) е следнава:
Презентот има две главни значења:
...и рече се сътворѭ, разорѭ житьницѧ моѩ и большѧ съзиждѫ и съберѫ тѹ вьсıа жита моıа и вьсе добро моѥ, то рекѫ дѹши моѥи ıако дѹше имаши мъного добро лежѧште на лѣта мънога... (...и рече еве, вака ќе сторам, ќе ги урнам моите амбари и ќе соѕидам поголеми и ќе го зберам тука сето жито мое и добра мои, та ќе ѝ речам на душава моја: душо имаш многу добра приготвени за многу години... Лука 12:16) Минато определено несвршено време (имперфект)Формите на минатото определено несвршено време се градат од инфинитивната основа со помош на вметоците -ѣ- или -ıа- (=ја!) и наставките:
Парадигмите на глаголите плѹти (=плива, I к.), минѫти (=мина, II к.), глаголати (=зборува, говори, III к.), просити (=бара, IV к.) и бъıти (=сум, V к.) е следнава:
Помошниот глагол бъıти може да има скусени форми: бѣхъ, бѣ, бѣ, бѣховѣ, бѣшета, бѣшете, бѣхомъ, бѣшете, бѣхѫ. Имперфектот означува минати дејствија кои не се фиксни во еден минат момент, туку трајни: најбитна информација која ја носи имперфектот е дека дејствието траело определен период во минатото, дека се одвивало во некоја дадена временска рамка. За ваква цел тој се гради од несвршените глаголи. Свршените, пак, глаголи градат имперфект за да означат дејствие кое повеќепати завршувало во минатото, т.е. посочуваат повторливо, но завршено дејствие. Минато определено свршено време (аорист)Во старословенскиот јазик се разликуваат три типа на аорист:
Аористот, општо, означува минато, завршено дејствие чие траење во минатото не е прецизирано: најбитната информација на ова време е дека дејствието завршило во некој минат момент. Го градат и свршени и несвршени глаголи, што не е случај со македонскиот; ова е затоа што историски аористот е пред сѐ глаголски начин, а не глаголско време. Асигматски аористАсигматскиот аорист бил во фаза на напуштање во времето на св. Кирил, па затоа се среќава кај мал број глаголи; тоа се глаголите од првата и втората конјугација чија инфинитивна основа завршува на согласка (ити, решти, мошти, пасти, плести; двигнѫти, минѫти, исъхнѫти, ѹтонѫти и сл.). Напомена: во втората конјугација како за основа се зема делот од инфинитивот без карактеристичниот вметок -нѫ-. На добиената основа се додаваат следниве наставки:
Напомена: доколку основата завршува на к, г или х, редовно се врши палатализација! Парадигмата на глаголите решти (<*rek-ti) и двигнѫти е следнава:
Сигматски аорист првСигматскиот аорист прв се гради, како што посочува и самото име, со помош на формансот * -s- и личните наставки. Наставките се:
Но, само ограничен број на глаголи градат аорист со помош на овие наставки. Тоа е поради една фонетска промена карактеристична за старословенскиот, неформално наречена ruki - закон; имено според овој закон ако пред -*s- стои некоја од слогласките: *r, *u, *k или *i, тогаш има премин *s > *x (т.е. с > х), па така се јавуваат форми: молихъ, чѹхъ, бъıхъ (< *bū-s-), рѣхъ (< *rek-s-) итн. Подоцна, сите глаголи развиле вакви форми по аналогија, па повеќето глаголи градат сигматски аорист прв со следниве наставки:
При формирањето на аористот кај едносложните глаголи се јавува превој на кореновата самогласка (превој), во случајов негово вдолжување, и тоа: о > а, е > ѣ, ь > и и ъ > ъı. Глаголите кои имаат ваков превој, ја испуштаат последната согласка од основата пред да ги добијат личните наставки. Сигматски аорист прв со форми на -с- имаат следниве глаголи: ѩти - ѩсъ (зема, фаќа), начѧти - начѧсъ (почне), нести - нѣсъ (донесе), вести - вѣсъ (доведе), чисти - чисъ (прочита), бости - басъ (избоде), ıасти - ıасъ (изеде) итн. Парадигмите на: бости (=боде, < *bod-ti), решти (=рече, < *rek-ti), родити (=роди), знати (=знае) и дати (=даде) се следниве:
Напомена: некои глаголи, особено едносложните со инфинитивна основа која завршува на самогласка, може во 2. и 3. лице еднина да добијат наставка -(с)тъ, која е пренесена од сегашното време; такви се глаголите: дати, бъıти, пити, начѧти и др. Сигматски аорист вторСигматскиот аорист втор се појавува во доцните старословенски книжевни наоди, па затоа се нарекува и сигматски аорист понов. Современиот македонски аорист води потекло токму од тука. Се образувал со наставките на првиот сигматски аорист на -х- кои директно ѝ се додавале на основата ако таа завршувала на самогласка, или пак, се вметнувало едно -о- меѓу основата и наставките ако таа завршувала на согласка, а формите за 2. и 3. лице еднина по правило биле асигматски. Најчесто го имале глаголите од првата и втората конјугација. Парадигмата на глаголот решти е следнава:
Напомена: некои глаголи може имаат форми во повеќе од еден вид на аорист! Глаголот решти, речеши има форми од сите три вида!!! Заповеден начин (Императив)Заповедниот начин има една, општа, форма за 2. и 3. лице еднина и посебни форми за 1. и 2. лице двоина и множина. Се гради од презентската основа на следниов начин:
При градењето на императивот, слично како кај аористот, има превој на кореновата самогласка кај глаголите со едносложна основа што завршуваат на согласка, но случајов скусување (редукција). При додавање на наставките, редовно се врши втората палатализација. Особено карактеристичен е случајот во еднина кога основата завршува на -д, каде палатализацијата дава -ждь (дати - даждь <* dad-i). Парадигмата на решти, знати, просити и ıасти е следнава:
ПартиципиПартиципите се именски форми на глаголите кои ги спојуваат глаголското, од една страна со именското, придавното или прилошкото од друга страна. Од глаголски аспект може да биде прилог, од именски пак подмет, предмет, атрибут итн. Партиципите ги имаат следниве категории: време (глаголска), падежна промена по род и број (именски). Старословенскиот јазик ги има пет на број, и тоа:
Партицип на презентот активенСе гради од презентската основа на следниов начин:
Парадигмата на ити, идеши (=иде, доаѓа), видѣти, видиши (=гледа) и бъıти, ѥси (=сум) е следнава:
Оваа промена на партиципот се нарекува именска или проста. Ако на формата на партиципот ѝ се додаде соодветната форма на заменката *и, ıа, ѥ, тоагш се добива заменската или сложена промена на партиципот. Така за глаголот ити имаме: идъıи, идѫштиıа, идѫштеѥ (N.ед., м.р., ж.р. и с.р. соодветно), идѫштаѥго, идѫштѧѩ, идѫштаѥго (G. ед.) итн. Кога има именска форма, партиципот означува дејствие едновремено со главниот глагол, односно игра улога на глаголски прилог, па затоа оваа форма ретко се среќава во другите падежи, освен во номинатив: идъı, идѫшти = идејќи, доаѓајќи. Кога има заменска форма, партиципот игра односна (релативна) улога, па оваа форма е почеста од именската: идъıи = оној којшто иде; идѫштаѥго = од оној којшто иде итн. Партицип на презентот пасивенСе гради од презентската основа со додавање на наставката: -мъ, -ма, -мо (соодветно за родот!). Пред оваа наставка се јавува тематска самогласка, и тоа: -о- за глаголите од првата и втората, -е- за третата и -и- за четвртата конјугација. Се менува како придавка од О- или А-промената, зависно од родот. Може, како и активниот партицип на презентот, да има и сложена, заменска, промена со формите на заменката *и, ıа, ѥ. Номинативните форми за партиципот за глаголите вести (=доведе), двигѫти, знати, хвалити (=фали, воспева) и ıасти се следниве:
Форми на овој партицип, како и на останатите пасивни партиципи, имаат само преодните (транзитивни) глаголи! Овој партицип е слаб по однос на глаголската „сила“, затоа најчесто се јавува во атрибутивна конотација. Македонскиот јазик нема нему соодветна јазична форма, па затоа се преведува со, помалку смешни и неприродни, аналитички конструкции. Така на пример изразот: носимъ ѥсмь би се превел како: бивам носен (носити е несвршен!), додека несомъ ѥсмь како: биднав донесен (нести е свршен!) Партицип на претеритот активен првСе гради од инфинитивната основа со додавање на наставката: -ъ (доколку основата завршува на согласка) или -въ (дококу основата завршува со самогласка) за номинатив еднина:
Првобитно овие наставки содржеле финално *-s, т.е. имале облик: *-ŭs односно *-ṷŭs:
Ова финално *-s отпаднало во номинативната форма за еднина, но се задржало во останатите падежи, така што се палатализирало, додека самиот партицип ја изменил својата промена. N. ед.:
Но G. ед.:
И при градењето на формите на овој партицип треба да се напоменат неколку специфични случаи:
(спореди македонски: доаѓа-дошол, поаѓа-пошол, дијал.: иде-ишол) Партиципот има форми за сите три рода, сите седум падежи во сите три броја. Парадигмата на нести, знати и молити е следнава:
Овој партицип има и определена промена:
Се јавува доста често во јазикот, и има улога речиси идентична на партиципот на презент активен, со таа разлика што дејствието коешто го означува овој партицип се случило, се случувало или започнало да се случува пред дејствието на главниот глагол во реченицата.
Партицип на претеритот активен вторОвој партицип се нарекува уште и л-партицип зашто се гради од инфинитивната основа со додавање на наставките -лъ, -ла и -ло за машки, женски и среден род соодветно. Има форми само за номинатив во сите три броја кои имаат завршетоци според О/А-промената. Се среќава исклучиво при градењето на сложените глаголски времиња. Еве неколку примери (вести, двигнѫти, знати, хвалити, ıасти):
Напомена: токму при градењето на овој партицип се отцртуваат некои од основните особини на јазикот. Особено воочливи се две работи:
Така на пример имаме велъ, вела, вело (< *vedlŭ, *vedla, *vedlo) како форма од глаголот вести (=доведува); ıaлъ, ıaла, ıaло (< *jadlŭ, *jadla, *jadlo) како форма од ıaсти (=јаде); чьлъ, чьла, чьло (< *čĭtlū, *čĭtla, *čĭtlo) како форма од чисти (=чита); шьлъ, шьла, шьло (< *šĭdlŭ, *šĭdla, *šĭdlo) како форма од ходити, т.е. ити (=оди, доаѓа). На овој партицицип во македонскиот јазик му одговара глаголската л-форма, која е негов континуант во нашиот современ јазик и ја има истата функција и начин на градење. Така, глаголските конструкции што го содржат овој партицип може да се преведат со соодветните македонски глаголски форми (кои и не мора да содржат глаголска л-форма!) Партицип на претеритот пасивенСе гради од инфинитивната основа со додавање на наставките: -енъ, -ена, -ено; -нъ, -на, -но или -тъ, -та, -то. Се менува според О/А-промена и има форми за сите три рода и броја.
При градењето на овие форми кај некои глаголи се јавува превој на кореновата самогласка: съкръıти - съкръвенъ, трѣти - тьртъ и сл. Се користи како атрибут и при градењето на пасивните конструкции во јазикот. Во современиот македонски му одговара пасивната глаголска придавка. Глаголска именкаГлаголската именка во старословенскиот јазик ја има истата синтаксичка и семантичка функција како и глаголската именка во македонскиот современ јазик. Се гради од формата на партиципот на претеритот пасивен со додавање на наставката -иѥ. Така имаме форми: знаниѥ (=знаење), битиѥ (битие), разъпѧтиѥ (распетие). Се менува како именка од среден род од ЈО-промената. Во подоцнежните фази на јазикот, наставката -иѥ се редуцирала во -ьѥ, од каде и всушност потекнува наставката -ње во современиот македонски јазик. Сложени глаголски формиМинато неопределено несвршено и свршено време (перфект)Перфектот е сложена глаголска форма која се гради од формите на помошниот глагол бъıти, ѥсмь за сегашно време и партиципот на претерит активен втор од соодветниот глагол. Во зависност од главниот глагол, може да означува свршено или несвршено дејствие. Воедно, формата на партиципот се совпаѓа со подметот во род и број. По значење „плива“ помеѓу аористот и имперфектот бидејќи може да означува и свршени и несвршени дејствија, но и прогресивни дејствија кои завршиле во минатото. Парадигмите на нести и носити (кои воедно се пар свршен-несвршен) се следниве:
Напомена: наведените форми се за машки род. Значењето (во случајов) е исто како во македонскиот јазик: неслъ ѥсмь = сум донел; носилъ ѥсмь = сум носел итн. Старословенскиот перфект не нужно се преведува со македонски перфект, зашто во македонскиот за перфектот се врзува категоријата незасведоченост на дејствието, што не е случај во старословенскиот. Често се употребува за да се чини разлика меѓу второто и третото лице еднина на аористот (кои се формално еднакви). Затоа и често се среќава во второ лице еднина. Предминато време (плусквамперфект)Плусквамперфектот се гради од формите на помошниот глагол сум за минато време (било кое минато, освен самиот плусквамперфект) и партиципот на претерит активен втор од соодветниот глагол. Општо, означува дејствија кои се случиле (започнале да се случуваат или пак завршиле),а му претходат на некое друго дејствие во минатото. Формите на помошниот глагол при градбата на плусквамперфектот најчесто се од имперфектот (бѣахъ, бѣаше, бѣаше итн.) или аористот (бъıхъ, бъı, бъı итн.). Од друга страна често се среќаваат и форми од имперфективниот аорист (бѣхъ, бѣ, бѣ итн.), па дури и од перфектот (бъıлъ ѥсмь, бъıлъ ѥси итн.), особено во доцните фази на постоење на јазикот. Парадигмата на молити е следнава:
Одговара на македонскиот плусквамперфект, со кој најчесто и може да се преведе. Различната конструкција на старословенскиот, повлекува различно преведување на македонскиот плусквамперфект. Така:
Идно определено време(футур егзактен)Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia