Гослар (округ)
Гослар (германски: Landkreis Goslar) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Остероде, Нортхајм, Хилдесхајм и Волфенбител, градот Залцгитер и сојузните покраини Саксонија-Анхалт (Харц) и Тирингија (Нордхаузен). ИсторијаИсторијата на округот е потесно врзана за историјата на градот Гослар. Округот е основан во XIX век од пруската управа. Градот не бил дел од него сè до 1972 година. ГеографијаПодрачјето на округот го опфаќа северозападниот дел на масивот Харц, вклучувајќи го Националниот парк Харц. Највисока планина е Вурмберг (971 м) кај Браунлаге, воедно највисок во цела Долна Саксонија. Над гратчето Алтенау извира реката Окер која тече низ живописна долина и го напушта Харц кај Виненбург. ГрбОрелот е хералдичко животно на градот Гослар, додека лавот ја претставува општината Шладен. Шладен не е дел од округот, но грофовите на Шладен владееле големи делови од денешниот округ во текот на раниот среден век. Градови и општини
НаводиНадворешни врски
51°54′38″N 10°25′16″E / 51.91056°N 10.42111°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia