Клопенбург (округ)
Клопенбург (германски: Cloppenburg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град. Се граничи со окрузите Амерланд, Олденбург, Фехта, Оснабрик, Емсланд и Лер. ГеографијаОкругот го опфаќа западниот дел од историската област наречена Олденбуршки Минстерски крај (Oldenburgisches Münsterland), односно земјата во Олденбург која порано ја држел Минстер. Пределот е рамничарски и порано бил мочурлив, полн со рекички и потоци. Од 1924 до 1927 година е изградено вештачкото езеро Тилсфелде со цел да се спречат поплавите во овој крај. Денес, тоа е знаменитост само по себе, со камп и младински хостел. ИсторијаПодрачјето во средниот век ѝ припаѓало на Грофовијата Текленбург. Потоа долго време (1400-1803) било во владение на Епископското Кнежевство Минстер. Во 1803 година е припоено од Олденбург и останало дел од него сè до 1945 г. Округот е основан во 1933 година. СтопанствоКако и соседниот округ Фехта, Клопенбург е познат по големоразмерното сточарство, особено по мисиркарството и свињарството. Овие два округа се нарекуваат „Свински појас“ (Schweinegürtel). Почвата е со слаб квалитет, но сточарството се развило кога започнал масовниот увоз на животинска храна. Користејќи течно ѓубриво се одгледува пченка од која се добива биогас.[2] ГрбОкружниот грб прикажува:
Градови и општини![]()
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia