Градиште (Охрид)

Градиште — одморалишно место и автокамп сместен на 14 километри од градот Охрид на патот кон манастирот Св. Наум Охридски, или поточно пред селото Трпејца, и е во склоп на Националниот парк „Галичица“.

Природни одлики

Во густите сенки на боровата шума, во ладовина и прекрасна атмосфера сместени се неколку стотини камп приколки, бунгалови и шатори чии станари секоја година споделуваат незаборавни моменти во еден од најуредените кампови во Македонија. Градиште се протега на речиси 90.000 м2 од брегот на Охридското Езеро.

Капацитет

Авто кампот „Градиште“ располага со 8 бунгалови, 20 камп приколки и околу 100 слободни парцели за приватни шатори или камп приколки. Како гости во А.К. Градиште на располагање ви стојат:

  • 3 плажи
  • 4 санитарни јазли
  • 2 продавници
  • летна дискотека
  • ресторан

Занимливости

Авто кампот „Градиште“ е место каде што се организираат многубројни забави, концерти, забави на плажа, курсеви за нуркачи, едрење, параглајдинг и слични активности. Кампот е во склоп на националниот парк „Галичица“ и е добра појдовна точка за планинарење и прошетки во недопрената планинска природа. Во склоп на третата плажа се наоѓа и пештерската црква Св. Богорица. Во непосредна близина на А.К. „Градиште“ се наоѓа музејот на вода - наколна населба позната како „Залив на Коските“ која претставува значајна праисториска локација единствена по својот вид на овие простори и место кое дефинитивно мора да се посети.

Сообраќај

До А.К. Градиште се обраќаат и редовните линии на охридскиот автобуски транспорт, а е лесно пристапен и со пловни објекти и комбиња на секои 15 минути, особено во летниот период.

Градиште како тема во популарната култура

  • „Градиште“ - песна на македонската рок-група „Funk Shui“.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Funk Shui, Aether, IM0018, ИнтерМедиа, 2012.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya