Лагадин
Лагадин — летна туристичка населба, изградена во втората половина на XX век. Се наоѓа на источниот брег на Охридското Езеро, непосредно покрај патот Охрид-Свети Наум. Местото традиционално се нарекува Света Мартинија и се наоѓа кај селото Елшани. Во Лагадин како постојано население живее 81 човек, а другите тука доаѓаат само во летниот период. Целата населба се состои од стотина приватни вили и неколку хотели.[2] Географија и местоположбаНаселбата се наоѓа веднаш до Охридското Езеро. ИсторијаЛагадин започнал да се гради по завршувањето на Втората светска војна. СтопанствоТуризмот е најзначајна стопанска гранка. Население
За Лагадин не се водела посебна евиденција на населението до пописот од 2002 година.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Лагадин живееле 20 жители, од кои 18 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[4] Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 81 жител, од кои 79 Македонци, 1 Албанец и 1 лица без податоци.[5] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид. Во периодот 1952-1955, населбата како дел од селото Елшани била дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Елшани, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото Елшани било дел од некогашната општина Пештани, во која влегувале селата Елшани и Пештани. Избирачко местоНаселбата е опфатена во избирачкото место бр. 1294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Долно Коњско. Во избирачкото место се опфатени населените места: Коњско, Долно Коњско, Лагадин, населба Здравје и населба Исток.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 647 гласачи.[11] Културни и природни знаменитости![]()
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia