Грамаѓе (Кочиште)

Грамаѓе

Карта

Местоположба 41°20′39″N 21°10′21″E / 41.34417°N 21.17250°E / 41.34417; 21.17250
Основни податоци
Место Кочиште
Општина Демир Хисар
Тип

 населба  некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Грамаѓе или Зад Заделархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Кочиште. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на 300–500 м јужно од селото, на простор од 150 × 100 м, во ниви на локални мештани, каде се откриени ѕидови од објекти градени од кршен камен и варов малтер. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, а откриени се и гробови со конструкција од камени плочи, во кои биле најдени белезици од стаклена паста.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya