Графички техники и технологии![]() ![]() Графички техники и технологии претставуваат материјали, постапки и начини на нивна употреба при печатење и создавање на уметнички дела графика. Карактеристично за овој медиум и начин на изработка на уметничките дела се: најпрво изработката на матрицата, од која цртежот или ликовната постапка се отсликува - втиснува на хартијата или некоја друга подлога. Исто така по правило во оваа техника графичките отпечатоци, благодарение на матрицата можат да се печатат во два и повеќе примероци - тиражи, со што графичкиот отпечаток, како уметничко дело заради својата мултиоригиналност е една од најдемократските и најдостапни уметнички дисциплини. Методот на графичките техники за обработка на матрицата - подлогата може да биде: механички, хемиски и фотохемиски. Според тоа како е изработен и обработен цртежот на матрицата, релјефно, длабинско или рамно, се разликуваат три главни графички методи на печатење: релјефно, длабинско и рамно соодветно.[1] Главни графички техники
Графички методиМеханички методОвој метод вклучува само рачна изработка и претставува врежување во матрицата која може да е од дрво или метал. Врежувањето се врши со помош на графички алатки - ножеви, игли, длета, шила. Хемиски методХемискиот метод покрај рачната обработка вклучува и хемиски процеси на обработка на матрицата кои се познати како - нагризување или нагризување на металната плоча со киселини. Фотохемиски методОвој метод подразбира дејство врз матрицата со помош на светлина и хемиски средства[3]. Техника на висок печатОваа техника на висок печат е обработка на плочата - матрицата на која што линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината на матрицата. Техника на длабок печатОваа техника подразбира - цртежот што сакаме да го втиснеме на хартијата од матрицата да се врежува во плочата. При печатењето, површината на плочата останува чиста и без боја а врежаните линии и форми се исполнети со боја која потоа се втиснува на хартијата. За графички подлоги, матрици, вообичаено се користат плочи од бакар, цинк, алуминиум, плексиглас. Цртежите се внесуваат на два начина: механички или хемиски.
Техника на рамен печатТехниката на рамен печат подразбира печатење на цртежот и формите преку рамна плоча. Галерија со примери од графички техники
Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia