Грег Радерфорд
Грегори Џејмс "Грег" Радерфорд, РБИ (роден на 17 ноември 1986 г.)[2][3] е британски атлетичар кој се натпреварува во дисциплината скок во далечина, а исто така се натпреварува и во спринтерските дисциплини. Тој ги освоил златните медали во скок во далечина на Летните олимписки игри 2012, игрите на Комонвелтот 2014, Европско првенство 2014 и на Светското првенство 2015. Радерфорд е моментален британски рекордер во дисциплината скок во далечина, со прескокнати 8.51 метри. Ран животРадерфорд е роден во Блечли, Милтон Кинс на 17 ноември 1986 година.[4] Тој е правнук на фудбалерот Џок Радерфорд, кој освоил три титули во првата лига на Англија со Њукасл Јунајтед и настапил 11 пати за репрезентацијата на Англија, и исто така тој е најстариот играч што некогаш играл во дресот на Арсенал.[5] Неговиот дедо исто така играл за Арсенал.[6] Додека бил млад Радерфорд играл фудбал, рагби и бадминтон.[7] Како тинејџер тој бил на проба во фудбалскиот клуб Астон Вила, но сепак решил својата кариера да ја продолжи во атлетиката.[8] Кариера2005–2007На 18. годишна возраст, Радерфорд станал најмладиот победник во скок во далечина на аматеркото првенство на Англија.[7] Тој исто така станал европски јуниорски шампион истата година, поставувајќи нов британски јуниорски рекорд од 8.14 метри.[8] Радерфорд бил избран во атлетскиот тим на Англија на игрите на Комонвелтот 2006,[8] каде завршил на 8. место.[3] Истата година тој повторно победил на аматеркото првенство на Англија со скок од 8.26 метри.[9] На 8 август 2006, тој го освоил сребрениот медал на Европското првенство во Гетеборг со скок од 8.13 метри.[10] Радерфорд поголемиот дел од 2007 ја пропуштил поради низа на повреди, вклучувајќи ја повредата на зглобот, за која морал да оди на операција во февруари.[11] Тој настапил на Светското првенство 2007, но не се пласирал во финалето, завршувајќи го својот настап на 21. место во квалификациите.[12] 2008–2011![]() На 12 јули 2008, Радерфорд победил на аматерското првенство на Англија, постигнувајќи ја олимписката квалификациска норма од 8.20 метри.[13] Две недели подоцна, тој остварил победа на лондонскиот гранд при митинг со прескокната должина од 8.16 метри.[14] На Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Радерфорд како третопласиран успеал да се пласира во финалето со скок од 8.16 метри. Во финалето, тој не успеал да забележи резултат во првите две рунди, а во третата рунда остварил резултат од 7.84 метри кој не бил доволен за влез во најдобрите осум и за нови три рунди, со што натпреварувањето го завршил на 10. место.[15] Радерфорд поставил нов британски рекорд од 8.30 метри на 20 август 2009 во квалификациите на Светското првенство 2009 во Берлин,[16] подобрувајќи го претходниот рекорд на Крис Томлинсон за 1 сантиметар.[17] Тој не успеал да го повтори скокот во финалето, завршувајќи на 5. место со скоко од 8.17 метри.[18] Радерфорд не настапил на Европското првенство 2010 поради повреда на стапалото.[19] Радерфорд го подобрил својот најдобар резултат во скок во далечина на 8.32 метри во јуни 2011 на митингот од дијаманската лига во Јуџин, но тој не бил признаен како британски рекорд поради јачината на ветерот.[20] Во јули 2011, Крис Томлинсон го соборил британскиот рекорд на Радерфорд прескокнувајќи 8.35 метри во Париз.[21] На Светското првенство 2011 во Тегу, Радерфорд се здобил со повреда на тетивата на коленото со што морал предвреме да го заврши натпреварувањето.[17] 2012![]() Радерфорд го израмнил британскиот рекорд на Крис Томлинсон на 3 мај 2012 прескокнувајќи 8.35 на митингот во Чула Виста.[22] ![]() На игрите во Лондон 2012, Радерфорд се пласирал во финалето како четвртопласиран со постигнатиот скок од 8.08 метри.[23] Во финалето, тој стекнал предност пред останатите со скокот од 8.21 метри во втората рунда, а веќе во четвртата рунда прескокнал 8.31 метри, кои биле доволни за златниот медал.[24] Радерфорд станал само вториот британец со златен медал во дисциплината скок во далечина,[25] по Лин Дејвис кој освоил златен медал во 1964. И покрај тоа што прескокнатата далечина од 8.31 метри била најслаба по 1972,[24] таа била 15 сантиметри подобра од второпласираниот Мичел Вол[26][27] Златниот медал на Радерфорд бил еден од трите златни медали кои биле освоени од страна на британските атлетичари вечерта на 4 август 2012 (другите два биле освоени од Џесика Енис во седмобој и од Мо Фарах на трката на 10.000 метри).[28] По освојувањето на златниот медал, Радерфорд (како и останатите британски олимписки шампиони) добил своја поштенска марка и две поштенски сандачиња во Милтон Кинс биле обоени во златна боја во негова чест.[29] 2013Радерфорд повторно се здобил со повреда на тетивата на коленото на митингот од дијамандската лига во Париз, при што бил приморан да се повлече од натпреварувањето.[30] Британската атлетска федерација го одложила објавувањето на тимот кој ќе настапува на Светското првенство 2013 поради неговата повреда, но на 30 јули, Радерфорд ги поминал здравствените тестови и бил вметнат во списокот.[31] На првенството, Радерфорд не успеал да се пласира во финалето и завршил на 14. место со скок од 7.87 метри.[32] Кон крајот на 2013, британецот го назначил Џонас Тавија-Доду за негов тренер, откако претходно во годината ја прекинал соработката со тренерот Дан Фаф. Одлуката на Радерфорд да работи со тренер специјализиран за спринтерските дисциплини била инспирирана од советот кој го добил од поранешниот светски и олимписки шампион во скок во далечина, Двајт Филипс.[33] 2014Во февруари 2014, Радерфорд изјавил дека сака да се проба на зимските дисципли боб и скелетон, со надеж дека ќе успее да се квалификува за Зимските олимписки игри 2018. Во април, на митингот во Чула Виста, Калифорнија, Радерфорд постигнал нов британски рекорд од 8.51 метри.[34] Овој негов рекорд бил оспорен од страна на неговиот соперник Крис Томлинсон, кој покажал видео доказ дека скокот е неисправен, но британската федерација решила дека видео доказот е неубедлив, и рекордот бил официјално признат.[35] Радерфорд го освоил златниот медал на игрите на Комонвлетот во јули со постигнат скок од 8.20 метри.[36] Подоцна во годината, тој станал европски шампион, освојувајќи го златниот медал на Европското првенство 2014 со постигнат скок од 8.29 метри.[37] 2015Во февруари 2015, Радерфорд победил на митингот во Бирмингем во сала со скок од 8.17 метри, со што го подобрил сопствениот најдобар резултат во сала.[38] Во јуни тој победил на митинзитe од дијамантската лига во Бирмингем со скок од 8.35 метри,[39] и Осло со скок од 8.25 метри.[40] Радерфорд го освоил златниот медал на Светското првенство 2015 со скок од 8.41 метри. Тој станал еден од шесте натпреварувачи кои скокнале преку 8.40 метри на Светските првенства во овој век. Со оваа победа тој станал петтиот британски атлетичар кој во исто време ги поседува олимписката, светската, европската и титулата од игрите на Комонвелтот, по Дејли Томпсон, Линфорд Кристи, Сали Ганел и Џонатан Едвардс.[41] Една недела подоцна, Радерфорд победил на последниот митинг од дијамантската лига, во Цирих. Со оваа победа, тој ја потврдил вкупната победа во дијамантската лига во скок во далечина, со што станал првиот британски атлетичар воопшто кој во исто време ги поседува сите можни титули на отворено - државната, олимписката, светската, европската, титулата од игрите на Комонвелтот и титулата од дијамантската лига.[42] ОдликувањаРадерфорд бил назначен за член на Редот на Британската Империја (РБИ) во 2013, за неговите одлични резултати во атлетиката.[2] Во јули 2013, на Радерфорд му бил доделен почесен докторат по наука од Универзитетот Бедфордшир.[43] Личен животРадерфорд живее во Вобурн Сендс, мал град во околината на Милтон Кинс.[44][45] Тој и неговата девојка Сузи Верил имаат син, роден во 2014.[46] Радерфорд е навивач на Манчестер Јунајтед.[47] Тој е спортски амбасадор на глобалната спортска хуманитарна организација Right To Play. Во август 2014, Радерфорд бил еден од 200. јавни личности кои биле потписници на писмо до весникот The Guardian, спротивставувајќи се на септемврискиот референдум за независнот на Шкотска.[48] СтатистикаЛични рекорди
Достигнувања
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia