Грињарова реакцијаГрињарова реакција, или Грињарова синтеза, е спојна реакција во органската хемија во која доколку органомагнезиумовхалоген се спои со вода се добива алкан, доколку се спои со јаглерод диоксид се добива карбоксилна киселина, а доколку се спои со карбонилни соедининија (алдехид, кетон) се добива алкохол. Реакции со Грињаров реагенсРеакција меѓу Грињаров реагенс и водаГрињаровите реагенси претставуваат алкил магнезиумови халогениди (RMgX). Во контакт со вода тие хидролизираат, а производ на ваквите реакции се алкан и магнезиум хидроксид халогенид. ![]() Реакција меѓу Грињаров реагенс и јаглерод диоксидРеакцијата меѓу Грињаров реагнес и јаглерод диоксид се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон јаглердниот диоксид, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот производ во присуство на разводнета киселина. ![]() ![]() Реакција меѓу Грињаров реагенс и кетонРеакцијата меѓу Грињаров реагенс и кетон се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон двојната врска меѓу кислородот и јаглеродот, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот производ во присуство на разводнета киселина. ![]() ![]() Реакција меѓу Грињаров реагенс и алдехидРеакцијата меѓу Грињаров реагенс и алдехид се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон двојната врска меѓу кислородот и јаглеродот, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот производ во присуство на разводнета киселина. ![]() ![]() Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia