Кислород
![]() Кислород — хемиски елемент во периодниот систем. Го има симболот О и атомски број 8. Зборот кислород доаѓа од двата старогрчки зборови οξυς (оксис) = киселина и γεινομαι (геиномаи) = содржи. Ова име било избрано бидејќи во периодот во кој бил утврден кислородот (крајот на XVIII век), се мислело дека сите киселини содржат кислород. Овој хемиски елемент е доста распространет и може да се најде не само на Земјата, но и низ целата вселена, најчесто ковалентно сврзан со други елементи. Несврзаниот кислород (најчесто нарекуван и молекуларен кислород или O2, двоатомска молекула) се појавил уште во палеопротерозоикот (пред меѓу 2500 милиони години и 1600 милиони години) и како производ од метаболизмот на раните анаероби (археи и бактерии). ОсобеностиВо стандардни услови кислородот опстојува како двоатомска молекула во кој двата кислородни молекули се двојно сврзани меѓусебно. Во неговата најстабилна форма, кислородот опстојува како дворадикална молекула (кислородна тројка). Иако радикалите најчесто се сврзуваат со високо реактивни молекули, триплетниот кислород не реагира со повеќето молекули. Еднородниот кислород е пореактивен со повеќето органски молекули. Кислородот е главна состојка на воздухот, се произведува од растенијата за време на фотосинтезата и е потребен за аеробна респирација кај животните. Течниот кислород и цврстиот кислород имаат светлосина боја и двата имаат парамагнетни својства. Течниот кислород најчесто се добива со фракциона дестилација на течен воздух. Течниот и цврстиот озон (О3), пак, имаат потемни сини бои. Најскорешниот откриен алотроп на кислородот, тетракислород (О4), е темноцрвена супстанција што е создадена со вршење притисок на О2 до 20 GPa. Неговите својства се истражуваат за употреба во ракетните горива и слични апликации, бидејќи тој е многу помоќно оксидативно средство од O2 или O3. Кислородот како мотив во уметноста и во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia