Гумно

На гумното снопјето може рачно да се врши со вршило

Гумно[1][2] – рамно и широко место каде што се врши жито, обично со коњи.[3] Вообичаено гумното се наоѓа на отворено, поретко во затворен простор. Главно е земјено, а во планинските предели може да биде поплочено со камени плочи и опкружено со камено ѕидче. На гумното житото се врши рачно (со вршило) или со стока (коњи, волови, магариња и друго) која може да биде врзана за столб во средината на гумното кој се нарекува стожер.

Историја

Гумната имаат древно потекло и не може да се каже кога се појавиле. Им претходеле едноставни широки и долги платформи покриени со глина.

Во 1950-тите и 1960-тите потребата од гумна во Македонија и на Балканот почнува да исчезнува со воведувањето на механизирано комбинирано жнеење, вршење и веење со комбајни.

Гумното како мотив во уметноста

Галерија

Поврзано

Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya