ДСТУ „Наце Буѓони“ - Куманово
Општинско средно техничко училиште „Наце Буѓони“ — средно училиште во Куманово, Општина Куманово.[1] Училиштето го носи своето име според македонскиот комунист и учесник во НОВ - Наце Буѓони.[2] ИсторијаКако резултат на брзиот развој на металската индустрија во Куманово, како и потребата од металски стручен кадар, Народниот одбор на Кумановската околија во 1960 година донел Решение за основање на Училиштен центар за стручно образование во металска насока подоцна познат како Метален центар „Наце Буѓони“. Училиштето започнало со работа на 1 септември 1960 година. Во почетокот училиштето започнало да работи со две паралелки и тоа една паралелка машински техничари со 43 ученици и една паралелка за индустриски работници со 46 ученици.[3] Во 2009 година, училиштето располагало со 57 паралелки, од кои 32 со настава на наставен македонски јазик и 25 со настава на наставен албански јазик. Тогаш училиштето имало вкупно 1660 ученици од кои 940 со настава на македонски наставен јазик и 720 ученици со настава на албански јазик. Во училиштето наставата се изведува со четиригодишно и тригодишно траење. Порано го носело називот Државно средно техничко училиште (ДСТУ) „Наце Буѓони“. СтруктураУчилиштето располага и со работилници за машинска и електро струка кои комплетно се опремени благодарение на донацијата од ГТЗ и во нив се изведува практична настава.За потребите на здравствената струка училиштето има кабинет за изведување на практичната настава. Дополнително образовање на учениците од здравствената струка се изведува и во Општата болница - Куманово. НасокиВо О.С.Т.У “Наце Буѓони” Куманово се образуваат стручни кадри од:
Учество на натпревариОсвоени наградиПознати личности кои учеле во ова училиштеПознати личности кои предавале во ова училиштеГалерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia