Давид Брекало
Давид Брекало (роден на 3 декември 1998 година, во Љубљана) — словенечки фудбалер, одбрана на Орландо Сити и на словенечката репрезентација. Клупска кариераБрекало е младински производ на НК Браво, каде што ја започнал својата фудбалска кариера во 2007 година.[1] Тој го направил своето деби во Првата лига на Словенија за клубот на 14 јули 2019 година, во натпревар против Олимпија Љубљана.[2] Во јануари 2021 година, тој бил поврзан со трансфер во шведскиот клуб Малме, но сепак тој трансфер не се реалзирал.[3] На 11 август 2021 година, Брекало му се приклучил на норвешкиот клуб Викинг, потпишувајќи договор со клубот на три и пол години.[4] Тој го направил своето деби само четири дена подоцна, во победата со 3–2 над Молде, во која тој го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение.[5] На 28 ноември 2021 година, тој добил црвен картон затоа што го турнал соиграчот Патрик Гунарсон во последните минути од победата со 3–2 против Кристијансунд.[6] Дресот на Викинг го носел три сезони, забележувајќи вкупно 74 настапи и 8 гола за клубот. На 8 февруари 2024 година, Брекало потпишал договор со членот на МЛС лигата, Орландо Сити.[7] Дебитирал за Орландо на 24 февруари, против Монтреал.[8] Својот прв гол за клубот тој го постигнал на 13 април 2024 година, против Ди Си Јунајтед.[9] Репрезентативна кариераБрекало го направил своето деби за Словенија на 26 март 2022 година, во пријателски натпревар против Хрватска што завршил 1-1.[10] Тој ја претставувал Словенија на Европското првенство 2024.[11] Хронологија на репрезентативните настапиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia