Андраж Шпорар
Андраж Шпорар (роден на 27 февруари 1994 година, во Љубљана) — словенечки фудбалер, напаѓач на Аланијаспор и на словенечката репрезентација. БиографијаАндраж е син на Миха Шпорар, поранешен играч од одбраната и капитен на Олимпија Љубљана.[1] Клупска кариераИнтерблок и Олимпија ЉубљанаСвојте фудбалски почетоци Шпорар ги направил во екипата на Олимпија Љубљана, на која и се приклучил во 2000 година на шестгодишна возраст. Сепак, откако клубот се распаднал во 2005 година, тој ја продолжил својата младинска кариера во екипата на Интерблок Љубљана, каде напредувал преку сите младински категории се до првиот тим за кој дебитирал во 2011 година, во натпревар од Втората лига на Словенија. Во својата деби сезона, тој постигнал 10 гола за Интерблок во Втората лига на Словенија, по што во јуни 2012 се преселил во обновениот тим на Олимпија Љубљана кој се натпреварувал во Првата лига. Откако брзо се наметнал во клубот, за кратко време Шпорар станал еден од најважните играчи на клубот. Во сезоната 2015-2016, тој бил назначен за капитен на тимот[2] и го завршил првенството како најдобар стрелец со 17 постигнати гола иако играл само во првиот дел од сезоната.[3] Базел и Арминија БилефелдНа 8 декември 2015 година, Шпорар потпишал договор на четири и пол години со екипата на Базел.[4] Тој му се приклучил на првиот тим на Базел во јануари 2016 година, под водството на тренерот Урс Фишер. Откако играл во четири пријателски натпревари, тој го направил своето деби во Суперлигата на Швајцарија на 14 февруари 2016 година, во победата со 4–0 на гости против Грасхопер.[5] Само неколку дена подоцна, на 18 февруари, Шпорар се повредил за време на загревањето пред натпреварот на гости против Сент-Етјен. За скинатата тетива била потребна операција и тоа го оддалечило од терените до крајот на сезоната.[6] На крајот од сезоната неговиот тим ја освоил титулата во швајцарското првенство.[7] Шпорар го постигнал својот прв гол за Базел на 15 април 2017 година во победата со 4–0 на гости над Лозана.[8] На крајот од сезоната 2016–2017, Шпорар го освоил првенството по втор пат. За клубот ова била осма титула во низа и вкупно 20. шампионска титула.[9] Тие, исто така, го освоиле Купот на Швајцарија 2016-2017, победувајќи го Сион со 3–0 во финалето.[10] И покрај успешната сезона на клупски план, Шпорар одлучил да го напушти клубот. Вкупно за Базел тој одиграл 26 натпревари, и постигнал еден гол.[11] На 25 јуни 2017 година, Шпорар се приклучил на екипата на Арминија Билефелд во Втората Бундеслига, на позајмица до крајот на сезоната 2017–2018.[12][13] Дебитирал за клубот со гол, во победата со 2-1 над Јан Регенсбург, влегувајќи од клупата за резерви на 20 минути до крајот, тој погодил во првата минута од судиското продолжение за да му ја донесе победата на својот тим. Слован БратиславаВо јануари 2018 година, Шпорар потпишал за словачкиот клуб Слован Братислава за пријавена сума од 600.000 евра.[14] Во неговата прва сезона во клубот го освоил Купот на Словачка. Во сезоната 2018–2019, Слован ја освоил титулата во првенството, а Шпорар бил најдобар стрелец во лигата со 29 гола, израмнувајќи го рекордот по бројот на постигнати голови во една сезона во Првата лига на Словачка.[15] Спортинг Лисабон и позајмиците во Брага и МидлсброНа 23 јануари 2020 година, Шпорар потпишал петгодишен договор со Спортинг Лисабон, во трансфер вреден 6 милиони евра, што го направило најскапиот играч во историјата на словачката лига.[16] Под водството на тренерот Силаш, дебитирал за лавовите четири дена подоцна, заменувајќи го повредениот Луис Фелипе во победата со 1-0 на домашен терен над Маритимо. Својот прв гол во зелено-белиот дрес го постигнал на 20 фервуари во победата со 3-1 над турскиот Истанбул Башакшехир во осминафиналето на УЕФА Лига Европа 2019-2020.[17][18] Три дена подоцна, тој го пронашол својот прв првенствен гол во Португалија во победата со 2-0 на домашен терен над Боавишта.[19] На 4 јуни 2020, по враќањето на фудбалот во Португалија после паузата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, тој бил протагонист за Спортинг постигнувајќи два гола во ремито 2-2 на гостувањето кај Виторија Гимараеш.[20] Конечно, на 25 јули, во последното коло од првенството тој ја погодил мрежата на градскиот ривал Бенфика во поразот со 2-1 на Луж.[21] Првата полусезона во дресот на Спортинг ја завршил со вкупно 18 настапи и 7 постигнати гола. Следната сезона под водството на тренерот Рубен Аморим, Шпорар најчесто ги започнувал натпреварите на клупата, поради што одлучил да си замине од Спортинг. На 1 февруари 2021, тој и се приклучил на екипата на Брага на позајмица до крајот на сезоната.[22] Дебитирал за клубот на 4 февруари во првенствената победа со 2-1 на домашен терен над Портимоненсе. Својот прв гол во дресот на Брага го постигнал на 9 март 2021, во победата со 3-0 на домашен терен над Виторија Гимараеш. На 23 мај 2021, со Брага го освоил Купот на Португалија, откако ја победиле со 2-0 Бенфика во финалето, во кое тој се појавил во игра од клупата за резерви во 87-мата минута. Позајмицата во Брага ја завршил со 21 настап и 3 гола. Во август 2021 година, тој му се приклучил на англискиот клуб Мидлсбро на позајмица до крајот на сезоната.[23] Својот прв гол за Боро го постигнал во победата со 2–0 против Нотингем Форест на 15 септември 2021 година.[24] Сезоната 2021-2022 во Чемпионшип ја завршил со 35 настапи и 8 гола. Покрај тоа, тој одиграл два натпревари и во ФА Купот без да постигне погодок. ПанатинаикосНа 27 јули 2022 година, Шпорар потпишал четиригодишен договор со Панатинаикос[25] во трансфер вреден над 3 милиони евра.[26] Репрезентативна кариераШпорар дебитирал за репрезентацијата на Словенија на 11 ноември 2016, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2018, против Малта во кој словенците оствариле победа како гости со 1-0.[27] Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал на 21 март 2019, против Израел во Хаифа, во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 кој завршил без победник 1-1. Во јуни 2024 година, Шпорар бил избран во словенечкиот тим од 26 играчи за Европското првенство 2024, неговиот прв голем меѓународен турнир.[28] Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 7 мај 2022.
ТитулиКлупски
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia