Дебелоклуна рибарка
Дебелоклуната рибарка (науч. Gelochelidon nilotica) порано Sterna nilotica морска птица од семејството на рибарките (Sternidae). Сега се смета за монотипична во својот род. ОписДебелоклуната рибарка е голема и моќна птица, слична по големина и општ изглед со тенкоклуната рибарка, но се разликува по краткиот дебел клун сличен на галебите, широките крилја, долгите нозе и цврстото тело. Летно време, возрасните птици имаат сиви горни делови, бели долни, црна капа, силен црн клун и црни нозе. Повикот е карактеристично кер-вик. Во должина се од 33-42 см, со распон на крилјата 76-91 см[1][2] и тежина од 150 до 292 грама.[3] Зимно време капата ја нема, а има темна лента низ окото. Младенчињата имаат поубава маска на очите, а инаку се слични со возрасните преку зима. РаспространетостСе размножува во потоплите краишта на јужна Европа (и мала изолирана група во северна Германија и Данска), во умерена и источна Азија, на двата брега од Северна Америка, источна Јужна Америка и Австралија. Оваа птица има бројни географски раси кои се разликуваат претежно во големината и малку во перјето. Сите форми имаат пост-размножувачко раздвижување, а птиците што живеат на север се птици преселници кои зимуваат во јужна Африка, Карибите и северна Јужна Америка, јужна Азија и Нов Зеланд. И на дебелоклуната рибарка се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Поведение![]() ![]() Овој вид се размножува во колонии крај езера, бари или крајбрежја. Гнездото го сместува на земја, во плитка дупка и снесува 2-5 јајца. Додека во Европа овој вид е најчесто во близина на слатките води, во Америка е на крајбрежјата од океаните.[1] Птицата не е типична рибарка. Таа според изгледот личи на видовите од родот Sterna, а според начинот на исхрана на Chlidonias, односно на црната рибарка и белокрилата рибарка. Порано беше сместена во родот Sterna, но сега е монотипична во својот род Gelochelidon. Дебелоклуната рибарка не се нурнува во лов по риби како останатите рибарки и има поширока исхрана од нив. Често се храни со инсекти кои ги лови во лет и неретко прелетува врз влажни полиња, па дури и нерамни предели каде лови водоземци и мали цицачи, како и мали птици и пилиња, а и јајца од други рибарки.[1] Таа е опортунист во исхраната, и е забележана како се храни со мртви водни коњчиња по патиштата.[4] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia