ДевалвацијаДевалвација (англ.: devaluation) претставува мерка на економската политика со која се намалува вредноста на домашната валута во однос на една или повеќе странски валути. Девалвацијата се презема со цел да се отстрани надворешната нерамнотежа во економијата, т.е. да се подобри состојбата во билансот на меѓународните плаќања. Поим за девалвацијаДевалвацијата претставува официјален акт на економската политика со кој се намалува надворешната вредност на домашната валута. Девалвацијата се спроведува така што со посебна одлука на владата или централната банка (или заедничка одлука на владата и централната банка) се намалува вредноста на домашната валута во однос на странските валути. Според тоа, девалвацијата се разликува од депрецијацијата (depreciation), каде што домашната валута ја губи својата вредност во однос на странските валути на девизниот пазар, под влијание на понудата и побарувачката. Девалвацијата е еден вид политика на промена на потрошувачката (expenditure-switching policy), која треба да предизвика промена на релативните цени на странските и домашните производи со цел домашната потрошувачка да се префрли од странските кон домашните производи.[1][2] Исто така, девалвацијата се јавува како составен елемент на стабилизационите програми засновани врз девизниот курс. Во тие рамки, пред почетокот на стабилизационата програма се спроведува значителна девалвација, која треба да ги ублажи негативните последици од идната реална апрецијација на домашната валута. Девалвацијата се применува многу често заради две причини:[3]
Како основни критериуми за потребата од девалвација се јавува дефицитот во тековната сметка: ако дефицитот во тековната сметка е неодржлив, т.е. не може да се финансира преку задолжување во странство или намалување на девизните резерви, тоа е знак дека е потребна девалвација. Притоа, како показатели за потребата од девалвација можат да послужат: тековната сметка, девизните резерви, реалниот девизен курс, надворешниот долг итн.[4] Позитивни ефекти од девалвацијатаВо теоријата, позитивните ефекти на девалвацијата се изразуваат преку промената на релативните цени на домашните и странските производи, т.е. девалвацијата ги зголемува цените на увозните производи во споредба со домашните производи, со што се намалува увозот. Во исто време, девалвацијата ја зголемува цената на извозните производи во споредба со домашните и така се поттикнува извозот. Двата ефекта заедно водат кон отстранување на нерамнотежата во билансот на меѓународните плаќања. Во продолжение, девалвацијата ја намалува реалната парична маса, со што опаѓа потрошувачката и, при дадено производство, се подобрува билансот на плаќањата.[5] Освен тоа, позитивните ефекти на девалвацијата доаѓаат и низ следниве канали:
Иако девалвацијата првенствено се употребува како инструмент за отстранување на надворешната нерамнотежа, таа предизвикува и бројни ефекти внатре во економијата. Така, девалвацијата ја зголемува профитабилноста на извозниот сектор и предизвикува замена на увозните производи со домашно производство и, на тој начин, води кон пораст на домашното производство и вработеноста. Исто така, преку зголемениот доход, девалвацијата ја зголемува и побарувачката на неразменливите производи, така што и нивното производство покажува пораст. Делотворност на девалвацијатаНа прв поглед, девалвацијата претставува моќен инструмент за отстранување на надворешната нерамнотежа. Меѓутоа, делотворноста на девалвацијата пресудно зависи од еластичноста на домашната извозна понуда и еластичноста на увозната побарувачка. На кус рок, овие еластичности се мали и затоа, позитивните ефекти на девалвацијата доаѓаат со одредено задоцнување, т.е. ефектите од девалвацијата врз билансот на меѓународните плаќања може да се прикажат преку т.н. J-крива: на почетокот, билансот на меѓународните плаќања се влошува, а потоа, постепено се подобрува. Девалвацијата го зголемува извозот и со тоа и доходот, а повисокиот доход, по правило, води кон поголема потрошувачка и поголем увоз. Оттука, крајните ефекти на девалвацијата се неизвесни и зависат од тоа, дали дополнителниот доход од поголемиот извоз претежно се штеди или се троши. Во општ случај, девалвацијата ќе обезбеди надворешна рамнотежа, само доколку е задоволен условот на Маршал и Лернер. Најпосле, девалвацијата предизвикува пораст на домашната понуда на пари (преку девизните резерви), а тоа предизвикува пораст на домашните цени. За да биде делотворна во отстранувањето на надворешната нерамнотежа, девалвацијата мора да биде реална, а не само номинална. Токму тука доаѓаат најголемите проблеми, затоа што централната банка го контролира само номиналниот девизен курс, додека реалниот девизен курс е определен од однесувањето на економските агенти, како и од фискалната политика. Исто така, делотворноста на девалвацијата во голема мерка е ограничена од степенот на индексација на платите. Освен тоа, при рационални очекувања, политиката на девалвација страда од проблемот со временската неконзистентност. Имено, при постоење на номинални договори во кои веќе се вградени очекувањата на економските агенти, централната банка има мотив да создаде ненајавена девалвација. Тоа го знаат економските агенти и, оттука, кога девалвацијата навистина ќе се случи, таа ќе биде предвидена и нема да предизвика никаков ефект. Според тоа, концептот на рационални очекувања ја негира делотворноста на девалвацијата, а тоа значи дека отстранувањето на надворешната нерамнотежа треба да се изврши преку приспособување на економијата.[7] Значи, за да биде делотворна, девалвацијата мора да биде ненајавена, т.е. неочекувана, со цел да се спречи дејството на спекулаторите. Исто така, за да се намалат очекувањата за идна девалвација, подобра е голема и еднократна девалвација, отколку неколку мали последователни девалвации. Многу е важно и да се отстрани механизмот на индексација на платите, со цел да се спречи ефектите на девалвацијата да бидат поткопани од порастот на платите и цените.[8] Негативни ефекти на девалвацијатаНаспроти позитивните ефекти, девалвацијата може да предизвика контракција на домашната економска активност (contractory devaluations), и тоа преку повеќе канали:[9][10][11][12][13]
Најголемата опасност од девалвацијата се состои во нејзиното инфлаторно влијание, кое се изразува низ два канала:
Притоа, земјата може многу лесно да западне во спиралата девалвација-инфлација, каде што девалвацијата ја разгорува инфлацијата, која понатаму ги поткопува ефектите на девалвацијата и затоа е потребна нова девалвација итн. Оттука, за да се искористат позитивните ефекти на девалвацијата и, во исто време, да се избегне нејзиното инфлаторно влијание, таа не смее да се применува како изолирана мерка, туку треба да биде надополнета со другите политики кои ќе ја држат под контрола домашната потрошувачка.[14] Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia