Алфелд (Лајне)За други истоимени места, погледајте Алфелд.
Алфелд (германски: Alfeld (Leine); службено наречен Алфелд (Лајне)) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на бреговите на реката Лајне и претставува втор најголем град во округот. ГеографијаАлфелд се наоѓа во Лајнското Средногорје помеѓу Лајне на запад и Зибен Берге (до 395 метри високи) на североисток. Соседни општиниАлфелд се граничи со Гронау, Зибесе, Фреден, Делигзен и Дуинген. Градски единициАлфелд се состои од следниве места: Брункензен, Дензен, Ферсте, Ајмзен, Герцен, Годенау, Херзум, Имзен, Лангенхолцен, Лимер, Литгенхолцен, Релингхаузен, Зак, Варцен, Ветензен и Вишпенштајн. Историја![]() Градот бил основан пред 1214 година, при што името Алфелде (Alvelde') било првпат забележано во 1214 година. Елементот „-фелд“ означува „отворено место“, додека „ал-“ веројатно потекнува од индоевропскиот корен „ел-/ол-“ што означува „вода“. Во 1426 година, Алфелд се приклучил на Саксонскиот сојуз на градови, со што станал непосреден член на Ханзата. Градот бил еден од најмалите градови во Ханзата, со што се развил во XIV и XV век поради трговијата со пиво, лен и предива. Алфелд првично припаѓал на Хилдесхајмската епископија, но бил префрлен на Кнежевството Брауншвајг-Волфенбител во периодот 1519-1523. Со тоа настанал златниот период на Алфелд, а неговото стопанство цветало пред почетокот на Триесетгодишната војна. ЗнаменитостиЗнаменитости во Алфелд се Градското собрание (1586) со својата осумаголна кула, црквата „Св. Никола“ и кулата Филер, средновековна кула, како и познатата Фабрика Фагус од 1911 година, одличен пример на раната модернистичка архитектура од Валтер Гропиус, која е прогласена за светско културно наследство на УНЕСКО. СтопанствоНајголем работодавач во градот е фабриката САППИ со својот голем оџак, што е една од знаменитостите на Алфелд. Меѓународни односиАлфелд е збратимен со следниве градови: Познати луѓе
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia