Демавенд
Демавенд (персиски: دماوند ) — највисока планина во Иран, од особено значење во персиската митологија и фолклор. Се наоѓа во средината на венецот Алборз и претставува највисок вулкан во Азија. Се смета за потенцијално активен[7] поради фумаролите близу кратерот на врвот од кои излегува сулфур.[8] Планината е сместена недалеку од јужниот брег на Каспиското Езеро, во округот Амол, Мазендеран. Оддалечена е 66 км од Техеран. Симболика и митолгијаПланината има особен статус во персиската митологија, а во персиската книжевност претставува симбол на отпорот против ненародните угнетувања на туѓите сили. Според зороастриските преданија, во некоја пештера на Демаванд живеела Аждајата (Зехак), која била заробена во пранги сè до крајот на светот. Подоцнежна варијанта на легендата вели дека неа ја заробиле јунаците Каве и Ферејдун, откако ја победиле. Поетот Фирдоуси ја опшува случката во епското ремек-дело „Шахнаме“ (Книга за царевите), каде се вели дека самата планина има волшебна моќ. Демавенд е претставен на банкнотата од 10.000 ријали.[9] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia