Денис Черишев
Денис Дмитревич Черишев (руски: Денис Дмитриевич Черышев; роден на 26 декември 1990 година) — руски фудбалер, лево крило на Валенсија на заем од Вилјареал и на руската репрезентација. Како младински производ на Реал Мадрид, тој го направил своето сениорско деби за Реал Мадрид Кастиља во 2009 година и неговото деби за првиот тим во 2012 година. Од тогаш тој бил испратен на повеќе позајмици во Севиља, Вилјареал и Валенсија пред да му се приклучи на Вилјареал со договор на трајна основа во 2016 година. За репрезентацијата има одиграно 45 натпревари и постигнато 23 гола во младинските категории, додека своето деби за сениорската репрезентација на Русија го имал во 2012 година. Во мај 2018, се нашол на списокот на играчи на селекторот Станислав Черчесов за Светското првенство 2018 година токму во Русија. Во првиот натпревар на турнирот против Саудиска Арабија, Черишев влегол од клупата за резерви во раната фаза од натпреварот на местото на повредениот Алан Ѕагоев, и постигнал два гола во победата на Русија со 5-0 а подоцна бил избран и за играч на натпреварот.[2] Клупска кариераТитули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia