Александар Головин (фудбалер)
Александар Сергејевич Головин (роден на 30 мај 1996 во Калтан) е руски фудбалер, играч од средниот ред на Монако и на руската репрезентација. ЖивотописАлександар Головин е син на рударот Сергеј Владимирович. Сергеј уште од детството бил пријател со Александар Пљасунов, кој работел како тренер во локалната фудбалска екипа ДЈуСш. Кога Александар имал 6 години, татко му го одвел кај Пљасунов, кој го приклучил во ова спортско училиште за да тренира фудбал. Од таму, во 2009 година се преселил во фудбалското училиште на клубот Металург Новокузнецк.[3] Кога Головин играл во Металург, тој бил поканет да игра за екипата на Сибир, која била домаќин на турнирот во Кримск. Таму играчот од средниот ред го привлекол вниманието на скаутите на московска ЦСКА, кој го поканиле во клубот.[3] Клупска кариераЦСКА МоскваВо октомври 2012 година, Головин се преселил во ЦСКА Москва.[4] Дебитирал за првиот тим на 24 септември 2014 година во 1/16 финалето на Купот на Русија против Химик Ѕержинск во победата со 2-1, започнуајќи како стартер и играл сè до 88-мата минута кога бил заменет. На 14 март 2015 година го одигра својот прв натпревар во руското првенство, влегувајќи како замена во 72-рата минута од натпреварот против Мордовија.[5] ![]() Во сезоната 2015-2016 за првпат се појавил на теренот во третото коло од руското првенство играно на 1 август во натпреварот против Анжи (1- 0) заменувајќи го Зоран Тошиќ во 87-мата минута. На 5 август 2015 година, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите во натпреварот против Спарта Прага (3-2), влегувајќи на местото на Алан Ѕагоев.[6] Во пролетниот дел од првенството станал еден од основните играчи на армејците, победувајќи ја конкуренцијата во лицето на Роман Широков.[7] На 9 април 2016, Головин го постигнал својот прв гол за ЦСКА, во победата на домашен терен над Мордовија со 7-1. На 20 април 2016, за првпат во кариерата Головин постигнакл два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над Краснодар во рамките на полуфиналето од Купот на Русија, помагајќи и на ЦСКА да стигне до финалето на турнирот, каде ЦСКА загубиле со 1-4 од Зенит. Во истата сезона со ЦСКА станал шампион на Русија, што бил неговиот прв трофеј со клубот. Во сезоната 2016-2017 станал еден од водачите на ЦСКА. Во руското првенство ги одиграл сите 30 натпревари, постигнувајќи три гола во нив. Во летото 2017 година, англискиот Арсенал и понудил на ЦСКА 8 милиони фунти за Головин, но бил одбиен.[8] Во вториот круг од првенството 2017-2018 во тежок судир со Головин, напаѓачот на Локомотив Москва Ари бил сериозно повреден[9] и ова предизвикало негативна реакција од претставниците на засегнатиот клуб. Тренерот Јуриј Семин изјавил за Головин: "не можеш така да му скокнеш на нозе. Ари добро ја затвори топката и беше невозможно да се стигне до неа".[10] И покрај овој непријатен инцидент, Александар импресивно ја започнал новата сезона, постигнувајќи го првиот свој погодок за сезоната во третото коло на руското првенство на гостувањето кај Анжи (3-1), а две недели подоцна го отворил резултатот во победата над СКА-Хабаровск (2-0). На 1 декември 2017, учествувал во високата победа на ЦСКА на домашен терен над Тосно (6:0), постигнувајќи притоа и погодок во 58-мата минута, но исто така промашил и пенал во 78-мата минута.[11] На 15 март 2018 година, го постигнал својот деби погодок во европските натпреварувања на гостувањето кај францускиот Лион (3-2), во 1/8 финалето од Лигата на Европа. На 5 април во натпреварот против Арсенал (1-4) во 1/4 финалето од Лигата на Европа Головин постигнал прекрасен погодок од слободен удар, но тоа не и помогнало на ЦСКА да се пласира во полуфиналето (загубиле со вкупен резултат 6-3 по двата натпревари). МонакоНа 27 јули 2018, Головин потпишал петгодишен договор со Монако.[12][13] Репрезентативна кариера![]() Првиот натпревар во репрезентативниот дрес го имал во квалификациите Европското првенство за играчи под 17 години против Словенија, одигран на 23 март 2013 година. На завршниот турнир, Европското првенство, ги одиграл сите натпревари, а Русија на тоа првенство станала шампион на Европа. Истата година со репрезентацијата играл и на светското првенство каде постигнал и еден погодок во натпреварот против Венецуела. Подоцна настапувал и за репезентациите под 19 и под 21 година. Во дресот на сениорската репрезентација дебитирал во пријателски натпревар против Белорусија игран на 7 јуни 2015, каде влегол во игра како замена за Роман Широков во второто полувреме, и веќе на своето деби го постигнал својот прв гол во националниот дрес. Во мај 2016, бил повикан да учествува на Европското првенство 2016, каде ги одиграл сите три натпревари во групната фаза по која "Зборнаја" била елиминирана. Следната година учествувал и на Купот на конфедерации 2017. На 3 јуни 2018, Головин се нашол на списокот на селекторот Станислав Черчесов за Светското првенство 2018 чиј домаќин била токму Русија.[14] Во натпреварот со кој било отворено првенството, Головин одиграл клучна улога во победата со 5-0 над Саудиска Арабија, со две асистенции и прекрасен гол од слободен удар во последните секунди од натпреварот.[15] Хронологија на репрезентативните настапиКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 14 јуни 2018.
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia