Ден на независноста на Македонија
Ден на независноста на Македонија — државен празник што се празнува во Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и 8 Септември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.[3] ИсторијаРеферендумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност. Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ. Истиот ден заедно со Словенија, врз основа на одлука на Соборот независност прогласила и Хрватска. На 6 мај избиле нереди, а потоа дошло и до престрелки во и околу поморската база „Лора“ во Сплит. Прва жртва на немирите бил војникот Сашо Гешковски од Кавадарци, кој извршувал стражарска служба. Сплитските настани биле почеток на зачестените инциденти и оружени пресметки меѓу силите на Југословенската народна армија и Хрватската национална гарда кои потоа добивале сè повеќе на интензитет, се прошириле и пераснале во отворен оружен конфликт. Тоа создало и хаотична состојба и во БиХ со прогласувањето на Источна Херцеговина, областа Романија и Босанската Краина за Српски автономни области кои се ставиле под директна јурисдикција на сојузната власт, односно на раководството во Србија. Со цел мирно решавање на кризата, на 27 август Европската заедница ја донела Декларацијата за Југославија. Биле потпишани и два документа - Спогодба за прекин на огнот, една од многуте безуспешни што потоа ќе следат и Меморандум за проширување на посматрачките активности на ЕЗ во Југославија со кои се операционализираше Декларацијата. ![]() ![]() Потпис на Декларацијата ставиле тогашниот претседател на претседателството на СФРЈ Стипе Месиќ, од име на Сојузниот извршен совет Анте Марковиќ, како и претседателите на сите шест републики. Од името на ЕЗ Декларацијата ја потпиша Ханс Ван ден Брук, претседател на Министерскиот совет и шеф на дипломаријата на Холандија, која тогаш претседаваше со Заедницата. Со Декларацијата се гарантираше неповредивост на надворешните и внатрешните граници, право на изјаснување на народите за сопствениот суверенитет, негирање на употребата насила како политика на свршен чин, а во спротивно се предвидуваа ригорозни санкции. ЕЗ како последен обид да ја спречи граѓанската војна која се наѕирала од развојот на југословенската криза, на 7 септември во Хаг организира Мировна конфренција за Југославија. Согледувајќи ја состојбата во Југославија, првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвоил Декларацијата за независност на 25 јануари 1991 година. По што следуваше и одлуката за распишување на референдум на 8 септември 1991. РеферендумНа 8 септември 1991 година убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегле на референдумот, позитивно одговориле на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“ На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој бил спроведен не биле поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле „за“ самостојна и суверена Македонија. На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година. РеакцииДомашниМакедонците самите резултати ги прифатиле со голем оптимизам и еуфорија. Исто така и вискоките функционери се големи оптимисти.
СтранскиПо референдумот, водечките светски медиуми излегоа со оценка дека мнозинството гласачи се изјасниле за независност на Македонија и оти тоа ќе значи чекор поблиску до распадот на Југославија. Референдумското изјаснување во соседните земји не наишло на одобрување. Атина го оценува референдумот како скопска опасност за Грција. Бугарија најавува дека ќе ја признае државата, но не и нацијата, а Албанија го одобрила бојкотот на албанската етничка заедница во земјата. Честитки до претседателот Глигоров меѓу првите упатил словенечкиот претседател Милан Кучан. САД го повториле својот став за политиката на македонскиот државен врв даден пред референдумот во кој изразиле задоволство од нејзиниот умерен пристап и духот на компромис што ги покажувала Македонија. Уставното име на Македонија, САД го признаа за време на администрацијата на Џорџ Буш Помладиот на самиот почеток од неговиот втор претседателски мандат во 2004 година. Првата прославаПо затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собирале на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. каде Македонското радио организирала свеченост насловена Глас за Македонија со настап на стотина естрадни ѕвезди. Меѓу настапите на уметниците пред насобраните граѓани се читале извештаите кои општинските изборни одбори ги доставуваа до Републичката комисија за спроведување на референдумот. Идниот прв Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, се обратил кон македонскиот народ со историскиот говор:
Вакви спонтани прослави биле организирани и во Битола, Охрид и во другите градови низ новата Република. Прославување на празникот![]() Денот на независноста како државен празник е неработен ден во Македонија[3]. Претседателот и Владата на Македонија организираат разни свечености. Претседателот традиционално го доделува Орденот „8 Септември“. Народот традиционално оди на излети во познатите излетнички места. Македонскиот олимписки комитет организира спортски пикници, а додека Мотоциклистичката федерација на Македонија го организира Меѓународното мото рели „Македонија 2008“ во Скопје. Сите македонски амбасади, конзулати и претставништва приредуваат пригодни коктели и свечености во земјите во кои се наоѓаат. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia