Дељадровски манастир
Дељадровски манастир „Свети Ѓорѓи“ — манастирски комплекс недалеку од скопското село Дељадровци, веднаш покрај автопатот Скопје - Куманово спроти рафиниеријата „Окта“. На 6 мај 2008 г. целиот комплекс е целосно преосветен од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски г. Кирил.[1], кој исто така почива во овој комплекс. Денес манастирскиот комплекс претставува прекрасно уредено место со можности за комплетен престој во кој се нуди преноќиште и традиционални јадења. Во 2023 г. манастирот станал седиште на нововодедената Дељадровско-илинденска епархија на МПЦ - ОА.[2] ЦрквиВо манастирскиот комплекс постојат 5 цркви: Св. ЃорѓиЦрквата Свети Ѓорѓи е главната манастирска црква. Изградена е во 1921 година, а осветена во 1934 година. Раѓање на Пресвета БогородицаЦрквата посветена на Рождението Богородично е мала градба со исцелителен крст. Поради верувањето за исцелителноста ова црквиче е доста посетено. Св. Архангели Михаил и ГаврилЦрквичката посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил е понова градба. На тоа место во минатото имало само крст како закрилник на селото. Ктитор на ова црквиче е Игуменијата Зиновија од манастирот. Св. Петка и Св. НеделаЦрквата посветена на светителките Петка Трновска и Света Недела е исто така една од поновите црквички во манастирот. На ова место претходно имало крст. Св. Злата МегленскаЦрквата посветена на македонската светителка е најновата црква во манастирскиот комплекс. Била осветена на 29 јули 2012 година од поглаварот на МПЦ - ОА г.г. Стефан и митрополитот полошко-кумановски г. Кирил.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia