Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Делихферли и било христијанско, каде имало 34 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 126 мажи христијани, со 18 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 288 жители.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 532 жители, од кои 520 Македонци и 12 Срби.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 535 жители, од кои 499 Македонци, 2 Албанци, 17 Срби, 7 останати и 10 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се. Со доселеници од разни страни.
Доселеници од разни места во Македонија:Јовчевци (5 к.) најстар селски род. Доселени се пред околу 180 до 190 години од селото Стањевци во Овче Поле; Марковци (2 к.), Сташовци (5 к.) и Мартиновци (3 к.) доселени се од некое сега албанско село во Кумановска Црна Гора. Во родот Марковци го знаат следното родословие: Величко (жив на 80 г. во 1953 година) Коле-Марко, основачот на родот кој се доселил; Мицевци (2 к.) и Витановци (1 к.) доселени се од селото Сарамзалино во Овче Поле; Колевци (1 к.) доселени се од селото Ранковце во Кривопаланечко; Јачменовци или Трајановци (1 к.) доселени се од селото Бајловце; Денковци (1 к.) и Милевци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Кокино; Кочка (1 к.) доселени се од селото Герман; Кирјановци (1 к.) доселени се од селото Радибуш во Кривопаланечко; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Милутинце во Кривопаланечко; Димитријевци (1 к.) доселени се од селото Трново во Кривопаланечко; Крстевци (1 к.) доселени се од селото Нерав во Кривопаланечко.
Доселеници од Србија:Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Шумата Трница во Горна Пчиња; Шкембаровци (2 к.) доселени се од селото Трнава кај Прешево. Денес тоа село е албанско, овде живеат од турско време; Милојковци (1 к.) доселени се во 1935 година од Књажевац; Милојевци (1 к.) доселени се од околината на Крушевац.
Доселеници од разни страни:Бачевци (2 к.) доселени се во турско време од некое место во Грција; Мишевци (7 к.) ги викаат и Албанци. Доселени се однекаде од Албанија. Имаат роднини во селото Орах.[11]
↑САС на МПЦ (20. јуни 2023). „Соопштение (20.06.2023 14:38)“. mpc.org.mk. МПЦ. Посетено на 20 јуни 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.