Диего Роза (велосипедист)
Диего Роза (италијански: Diego Rosa; р. 27 март 1989) — италијански професионален планински и друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[1] Возел на Џиро д’Италија 2014 и ја освоил класичната трка Милано-Торино 2015. КариераВо август 2014 година, Астана објавила дека потпишале со Роза за сезоната 2015, додека генералниот менаџер Александар Винокуров ја објаснил неговата улога како помошник за Фабио Ару.[2] Негова прва професионална победа била трката Милано-Торино 2015.[3] Во 2016 година ја освоил планинската петта етапа на Трката околу Баскија. Ја прославил соло-победата пренесувајќи го велосипедот на раце низ целта.[4] Роза настапил на четири големи трки. На неговиот прв настап на некоја голема трка, Џиро д’Италија 2013, завршил на 22. место. Откако не успеал да го заврши Џиро д’Италија 2014, завршил помеѓу најдобрите 25 на Џиро д’Италија 2015 и Вуелта а Еспања 2015.[5] Се приклучил на Тим Скај за сезоната 2017. Достигнувања
Распоред на резултати за големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia