Трка околу Полска 2017 — 74. издание на велосипедската етапна Трка околу Полска, која се одржала помеѓу 29 јули и 4 август како дваесет и седми настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Трката била освоена од Дилан Тенс, кој вози за Ванти-Груп Гобер.
Екипи
Бидејќи Трката околу Полска е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Покрај полската национална екипа, уште три други професионални континентални екипи настапиле, со што главната група имала 22 екипи. Бројот на возачи по екипа бил седум,[5]; сите екипи освен Канондејл-Драпак (шест возачи) направиле така и со тоа на почетокот на трката имало 153 возачи.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (3)Национална екипа Полска
|
 |
Распоред
Рутата на трката била објавена на 15 мај 2017 година.[6]
Етапи
Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Завршен пласман
Поредок
На Трката околу Полска 2017 биле доделени четири различни маички. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој возач по секоја етапа, дозволувајќи временски бонуси за првите тројца на средните спринтови (три секунди за првиот, две секунди за вториот и една секунда за третиот) и на крајот на сите етапи: етапниот победник освојувал десет секунди бонус, додека вториот и третиот, шест и четири секунди соодветно. Предводникот на генералниот пласман ја добивал жолтата маичка; бил сметан за најважен пласман на Трката околу Полска 2017 и победникот на пласманот бил сметан како победник на трката.
Бодови за планинскиот пласман
Место
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
Бодови за категорија П1
|
20 |
14 |
10 |
6 |
4
|
Бодови за категорија 1
|
10 |
7 |
5 |
3 |
2
|
Бодови за категорија 2
|
5 |
3 |
2 |
1 |
0
|
Бодови за категорија 3
|
3 |
2 |
1 |
0
|
Бодови за категорија 4
|
1 |
0
|
Постоел и планински пласман, каде што водството било означено со виолетова маичка. Во планинскиот пласман бодови се добивале со пристигнување прв на врвот на некое искачување пред другите. Секое искачување било категоризирано од прва, втора, трета или четврта категорија, каде што повеќе бодови имало на повисоките категоризирани искачување. Удвоени бодови се добивало на искачувањето на премиер прва категорија на завршната етапа.
Дополнително, постоел и спринтерски пласман, каде се доделувала белата маичка. Во боводниот пласман, велосипедистите добивале бодови ако завршиле меѓу првите дваесет на етапата. За победа на етапата се освојувало 20 бода, со еден бод помалку до 1 бод за 20. место. Четвртата и последна маичка го претставувала пласманот за активен возач, означен со сина маичка. Ова било одлучувано на средните спринтови, каде што се доделувале бодови во скалата 3-2-1.
Постоел и пласман за полски возачи. Се пресметувал и екипен пласман, каде што се земале времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа на крајот на трката била онаа со најмало вкупно време.
Наводи
Извори
Надворешни врски