Димитар Делипетров
Димитар Делипетров (роден на 26 март 1992 во Штип) — македонски кошаркар. Тој настапува за кошаркарскиот клуб Академија ФМП. КариераКлупски настапиСезоната 2010/11, Димитар бил член на Фени Индустри.[1] Сезоната 2011/12 ја започнал во Фени Индустри и таму играл сè до декември 2011 година бидејќи бил даден на позајмица.[2][3] Таа сезона ја завршил во Втората лига 2011/12, односно во екипата на Гоце Делчев.[4] Во 2012/13, Делипетров одиграл уште една сезона во Гоце Делчев.[5] Во сезоната 2013/14, Димитар останал во редовите на Гоце Делчев и ја освоил Втората лига.[6] За сезоната 2014/15, Делипетров продолжил во Гоце Делчев, овој пат како прволигаш.[7] Сезоната 2015/16, Делипетров првата полусезона ја поминал во Кожув.[8] Потоа, во јануари 2016 година, Делипетров се преселил во Бест и таму ја завршил сезоната.[9][10] Сезоната 2016/17, Димитар станал играч на Струмица.[11] За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Струмица.[12][13] За сезоната 2018/19, Делипетров се преселил во Блокотехна.[14][15] Со Блокотехна, Делипетров ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Делипетров со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. За сезоната 2019/20, Делипетров станал играч на новиот прволигаш Академија ФМП.[16] Репрезентативни настапиДелипетров бил член на македонската репрезентација под 16 години и со неа настапил на Европското првенство - Б Дивизија во 2008 година. Тој исто така бил вклучен и во македонската репрезентација под 20 години со која настапил на Европското првенство - Б Дивизија во 2011 и 2012 година.[17] УспесиТитули
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia