Димитар Зограф
Димитар Христов Зограф — зограф и иконописец од XIX век, претставник на Самоковската школа. Животопис![]() Роден е во 1796 г. во градот Самоков, Бугарија, тогаш во Отоманското Царство. Бил син на иконописецот Христо Димитров и постар брат на Захариј Зограф. Во 1822 г. се оженил со Христијанија. Повеќето од неговите 7 деца (Зафир, Никола, Захариј и Иван) станале иконописци. Бидејќи речиси никогаш не се потпишувал, точниот број на негови дела не може да се утврди. Очигледно тој творел во црквите „Св. Недела“ во Пловдив (ок. 1836), „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје (1838), „Св. Никола“ во Плевен (1847) и во Тројанскиот манастир (ок. 1840), како и дел од фреските во главната црква на Рилскиот манастир. Неговото последно (и единствено потпишано) дело е во црквата „Св. Никола“ во Самоков (1860). Се претпоставува дека од Димитар Зограф се изработени иконите во црквата „Св. Атанасиј“ во кочанското село Оризари заради стилските особености. Исто така се претпоставува дека негови се три недатирани икони во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Кочани.[1] Литература
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia