Димитар Пандилов
Димитар Аврамовски Пандилов (1 март 1899 - 26 јули 1963) — истакнат македонски уметник, претставник на импресионизмот и еден од основачите на ДЛУМ. Животопис![]() Роден е во 1899 г. во с. Тресонче. Завршил ликовна академија во Софија, 1924 год. Бил во Франција (Монпелје и Париз), каде што меѓу другото работел и на академијата „Гранд Шомјер“ (1928). Самостојно излагал (од 1926 год.) во Ќуприја, Скопје, Софија. Излагал на повеќе групни изложби во Софија и во Југославија; меѓу другото на повеќе тематски и претставителни изложби на македонската уметност. Пандилов е претставник на жанрот битово сликарство со неговите дела што го обработуваат народниот живот и битот на македонскиот народ. Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 г. Најпознати дела
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
Родословие
|
Portal di Ensiklopedia Dunia